Вести
Сорос гледа опасност од уште една светска војна

Американскиот милијардер и инвеститор Џорџ Сорос изјави дека е многу загрижен од опасност од нова светска војна, чиј почеток би бил конфликт меѓу Кина и САД, пишува Market Watch.
Од гледна точка на Сорос, таквото сценарио е можно доколку Кина ја ориентира својата економија кон домашните потреби а не кон извозот. Тогаш кинеските власти ќе имаат потреба од надворешен конфликт, за да се одржат на власт, смета еден од најконтроверзните американски берзански шпекуланти.
„Многу зависи од здравјето на кинеската економија“, рече Сорос во своите забелешки на конференцијата „Бретон Вудс“ во Светската банка.
„Ако дојде до конфликт меѓу Кина и воен сојузник на САД, како Јапонија, тогаш не е претерување да се каже дека сме на прагот на Трета светска војна“, Рече Сорос.
Военото трошење во Кина и во Русија расте, рече тој.
За да се одбегне ова сценарио, Сорос ги повика САД да направат „огромна отстапка“ и да дозволи кинеската валута да се придодаде кон валутната кошничка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Со тоа јуанот би му станал конкурент на доларот како глобална резервна валута.
„За возврат, Кина би требало да направи исто толку големи отстапки и да ја реформира својата економија, како на пример да прифати владеење на правото“, рече Сорос.
Дозволувањето јуанот да стане пазарна валута би создало „обврзувачка врска“ меѓу двата система. Договор во согласност со овие идеи би било многу тешко да се постигне, вели Сорос, но алтернативата е многу непријатна.
„Без тоа, постои вистинска опасност Кина да влезе во сојуз со Русија и политички и воено, а со тоа заканата за Трета светска војна станува реалност, затоа вреди да се проба“, заклучува Сорос/крај/мф/сс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.