Македонија
Факултетот не дозволи Груевски да биде сниман додека го брани докторатот
Економскиот факултет одлучи да не биде дозволено да се снима одбраната на докторатот на Никола Груевски. На медиумските екипи од страна на обезбедувањето им беше кажано дека не смеат да снимаат внатре во салата.
„Макфакс“ се обрати и до деканатот од каде што секретарот ни кажа дека се обратиле до Дирекцијата за заштита на лични податоци од каде што им рекле дека околу тоа дали ќе биде дозволено снимање треба да одлучи факултетот. Нивниот став е дека ги штитат личните податоци и поради тоа не може да се снима бранењето на докторатот.
Експремиерот на Економскиот факултет во Скопје ќе ја брани докторската дисертација. Темата на докторатот е „Економските ефекти на различните видови меѓународни текови на капитал, со посебен осврт на Република Македонија“. Одбраната е закажана за 12 часот.
Комисијата професори во состав: Методија Несторовски, Михаил Петковски, Владимир Филиповски, Љубе Трпески и Живко Атанасовски дала позитивно мислење за докторатот. Според Билтенот објавен на УКИМ, докторатот содржи 315 страници текст, поделени во 7 поглавја. Ментор на Груевски му е професорот Михаил Петковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

