Вести
Џихадистите ја консолидираат власта на освоените области

Џихадистите од радикалната сунитска организација Исламска држава, заземајќи ја последната сириска погранична станица на границата со Ирак и по заземањето на градот Палмира, со што е згрозено од уништување древното културно наследство на човештвото, ја зацврстија својата контрола во целата погранична област на којашто летото 2014 година прогласија свој калифат.
Во петокот вечерта Исламската држава, исто така, ја презема одговорноста и за првиот самоубиствен бомбашки напад во Саудиска Арабија, и тоа врз шиитска џамија, во кој е убиено 21 лице. Од 80-те ранети, осум се во критична состојба, а станува збор за доминантно сунитска земја, којашто како и другите сунитски земји во регионот, досега беа поштедени од нападите на Исламската држава.
Според опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR), чие седиште е во Лондон, Исламската држава сега контролира половина од вкупната територија на Сирија, земја којашто од март 2011 година е зафатена од граѓанска војна, којашто започна со поттикнување на сунитската политичка опозиција против власта на алавитот (шиит) претседател Башар ал-Асад, а набрзо прерасна во меѓуконфенсионален судир.
Исламската држава со заземањето на ирачкиот град Рамади минатиот викенд и сирискиот Палмира во четвртокот, во сириската пустина кон ирачката граница, го зазема и јужниот пограничен премин ал-Танаф, така што сега власта на сирискиот претседател нема контрола на ниеден од трите премини кон шиитски мнозинскиот Ирак. Освен ал-Танаф, џихадистите го контролираат и граничниот премин Букмал, додека Јаруби, по на север, е под контрола на сириските Курди.
Исламската држава, којашто според процените на западните разузнавачки агенции има повеќе десетици илјади борци од целиот свет, ја искористи граѓанската војна во Сирија, каде што сунитите имаа поддршка од другите сунитски монархии во областа, како и од Турција и од Западот, и од 2013 година постојано ги проширува областите под своја контрола. Нестабилната ситуација во соседен Ирак, исто така, ја користи за проширување на својата контрола. Последните освојувања предизвикаа и егзодус на повеќе десетици цивили, а само од Рамади, според податоците на ОН, побегнале најмалку 55.000 луѓе./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.