Македонија
Состанок на градоначалници од северо-источниот и источниот регион за управување со отпад

Иницијативата за подготовка на правната рамка за формирање на меѓурегионално претпијатие за управување со отпад, беше дел од темите на кои се дискутираше на работниот состанок на регионалните тела за управување со отпад од Источниот и Североисточниот плански регион. Домаќин на состанокот беше градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, кој воедно е и Претседател на Одборот за управување со отпад во СИПР.
На состанокот што се оддржа во манастирскиот комплекс на „Св. Јоаким Осоговски“, се дискутираа и прашања поврзани околу управувањето, постигнување согласност, утврдување на непосредните чекори за ставање во функција на регионалните тела за управување со отпад.
Мицевски даде свои согледувања и предлози за превземање на првични чекори во постапката и процесот на формирање на заедничкото претпијатие. Конкретните предлози од страна на Мицевски беа првично делегирање на стручни лица од секоја општина поединечно за оформување на меѓуопштинска работна група, која треба да ја подготви правната рамка, формата, актите и моделот на формирање на меѓурегионалното претпијатие за управување со отпад. Во рамки на состанокот беше истакната потребата од зголемена соработка помеѓу градоначалниците, регионалните тела за управување со отпад, ресорното министерство (МЖСП), и усогласувањето со законите кои го третираат овој проблем од различни аспекти, во насока на остварување на поставените цели за воспоставување на интегриран и ефикасен систем за управување со отпадот, а се со цел да се овозможи минимизирање на негативните влијанија на создавањето и управувањето со отпадот, врз човековото здравје и животната средина.
На работниот состанок се дефинираше и временската рамка за изготвување на потребните нацрт документи од страна на членовите на меѓурегионалната работната група, како и роковите за донесување на потребните одлуки, кои се во надлежност на општинските Совети, како една од првите фази со цел оптимално извршување на договорените задачи во овој интегриран принцип на организациски активности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне сончево, попладне наместа нестабилно со локален дожд и грмежи

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.
Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).