Македонија
Димитров утре и задутре ќе учествува на Самитот за Западен Балкан во Лондон
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на 9 и 10 јули во Лондон, ќе учествува на петтата Kонференција на високо ниво за Западен Балкан, под покровителство на британскиот премиер Тереза Меј.
Конференцијата се организира во рамките на „Берлинскиот процес“, чии членки се шесте земји од Западен Балкан (Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија), и петте земји-членки на ЕУ: Германија, Aвстрија, Франција, Италија, Велика Британија. Во својство на набљудувачи во процесот учествуваат Словенија и Хрватска.
Покрај политичката и економската агенда на Самитот на Берлински процес, оваа година во Лондон, се вклучува и темата за безбедност.
Во рамки на програмата на Министрите за надворешни работи, предвидени се дискусии поврзани со реформската агенда во контекст на евроинтеграцискиот процес на земјите од Западен Балкан, билатералните односи, како и глобалните безбедносни и миграциски предизвици.
На маргините на Самитот во Лондон, Димитров, заедно со еврокомесарот Јоханес Хан, во вторник, на 10 јули, ќе имаат воведно излагање во Чатам Хаус, Британскиот кралски институт за меѓународни односи, на панел дискусијата „По Берлинскиот процес – иднината на регионот во следната декада“, посветена на Западен Балкан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Студени утра, посвежи денови: променливо облачно време со сончеви периоди
Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен западен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 степени.
До крајот на седмицата ќе се задржи стабилно и суво време. Од среда по котлините ќе има услови за појава на магла, а температурата ќе биде во благ пораст.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР

