Македонија
Димитров на самитот за Западен Балкан во Лондон

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска и утре во Лондон, ќе учествува на петтата конференција на високо ниво за Западен Балкан под покровителство на британскиот премиер Тереза Меј.
Конференцијата се организира во рамките на берлинскиот процес, чии членки се шесте земји од Западен Балкан (Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија) и петте земји членки на ЕУ: Германија, Aвстрија, Франција, Италија, Велика Британија. Во својство на набљудувачи во процесот учествуваат Словенија и Хрватска.
Покрај политичката и економската агенда на самитот на берлинскиот процес, оваа година во Лондон се вклучува и темата за безбедност.
Во рамките на програмата на министрите за надворешни работи предвидени се дискусии поврзани со реформската агенда во контекст на евроинтеграцискиот процес на земјите од Западен Балкан, билатералните односи, како и глобалните безбедносни и миграциски предизвици.
На маргините на самитот во Лондон, Димитров, заедно со еврокомесарот Јоханес Хан, утре, 10 јули, ќе има воведно излагање во Чатам хаус, британскиот кралски институт за меѓународни односи, на панел-дискусијата „По берлинскиот процес – иднината на регионот во следната деценија“, посветена на Западен Балкан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Фото) Општина Центар испрати протестна нота до австриската амбасада поради паркирано возило во пешачка зона

Општина Центар – Скопје испрати протестна нота до Амбасадата на Република Австрија поради непрописно паркирање и загрозување на безбедноста на пешаците.
Во целост ја пренесуваме протестната нота, потпишана од градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
„Општина Центар – Скопје упатува најостар протест поради непрописното паркирање на дипломатско возило на австриската амбасада со регистарски таблици 22-CMD-01, кое на 8 октомври 2025 година (среда) било паркирано во пешачка зона во паркот во населбата Капиштец, во близина на улицата „Народен фронт“, наспроти угостителскиот објект „Интермецо“.
Оваа постапка претставува директно прекршување на сообраќајните правила и нарушување на јавната безбедност.
Овој простор е наменет за рекреација на граѓаните, со спортски и детски игралишта каде секојдневно престојуваат деца, млади и семејства. Со ваквото однесување се загрозува јавниот ред и безбедноста во урбаната средина.
Општина Центар потсетува дека, и покрај дипломатскиот статус на возилата, почитувањето на локалните прописи и правилата за јавен ред и безбедност е основен принцип што важи за сите, вклучително и за дипломатските претставништва во Република Северна Македонија.
Во таа насока, Општина Центар бара од Министерството за надворешни работи да ја извести Амбасадата на Република Австрија и да преземе соодветни дипломатски мерки за спречување на вакви случаи во иднина.
Општината ја користи оваа прилика да го изрази своето уверување во взаемното почитување и соработка со дипломатската заедница, во духот на добрите односи и меѓусебното разбирање“.
Македонија
Партија на Турците: Полициски службеници нѐ држеа еден час, МВР итно да преземе мерки

Изборниот караван, предводен од претседателот на Партијата за движење на Турците – ТХП, Енес Ибрахим, вчера, од страна на полициски службеници бил спречен да ги реализира своите изборни активности во село Корешница, општина Демир Капија,
„Нашиот караван беше пресретнат од полициско возило без функционална сигнализација и соодветна ноќна безбедносна опрема. Полициските службеници постапија на крајно непрофесионален, недоличен и агресивен начин, задржувајќи нè цел час во центарот на селото, при што предизвикаа вознемиреност и кај локалното население“, велат од партијата.
Според партијата, ваквиот пристап е неприфатлив за едно демократско општество, особено што станува збор за инцидент кој се случува во екот на изборната кампања. Наместо да внесе чувство на сигурност и доверба кај граѓаните, велат од ТХП, полицијата демонстрира однесување кое создава страв и притисок.
Од Партијата на Турците велат дека за овој немил настан се информирани сите релевантни меѓународни организации кои го следат изборниот процес, а ќе бидат поднесени и соодветни пријави до Министерството за внатрешни работи.
„Апелираме до МВР итно да преземе мерки за целосно расчистување на случајот и да стави крај на полициската агресија врз граѓаните. Партијата за движење на Турците – ТХП и турската заедница нема да подлегнат на вакви провокации и притисоци. Напротив, продолжуваме со уште поголема решителност и мотивација да ги реализираме нашите изборни активности, со единствена цел – демократски, транспарентни и фер избори“, велат од партијата.
Македонија
Филипче вика судството било професионално, а Марковски за криминал од 100 милиони добива само куќен притвор, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Криминалот на СДС и договорените тендери со компанијата Марковски излегоа дека се вистинити. Фирмата Марковски која во период од 2 години, заработила преку државата околу 200 милиони евра, сега е осомничена дека тендерите кои ги добивала биле местени, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Финансиската полиција го уапси сопственикот Борче Марковски, затоа што се товари дека го има оштетено Буџетот на државата за 100 милиони денари. Тендери за кои предупредувавме дека се местени за омилената компанија на СДС да си ќари уште некој денар плус, излегоа вистинити. А денес сме повторно сведоци како СДС излегува во пресрет и преку нивното купено и уценето судство, на сопственикот на компанијата Марковски, да му се досуди куќен притвор. 100 милиони денари е еднакво на куќен притвор. Тоа е нашето судство како пупка отворено од Заев, Филипче и СДС“, велат од партијата.
Наместо да ги казнува криминалците,смета ВМРО-ДПМНЕ, судството им дава кураж на криминалците да продолжат со криминалот и да не одговараат.