Контакт

Вести

(Од минута на минута) Продолжува спасувачката акција во пештерата во Тајланд

Објавено пред

Во тек е спасувачката операција за извлекување на преостанатите осум момчиња и нивниот тренер од пештерата, потврдиле официјални лица, објави „Гардијан“. Во операцијата се вклучени истите нуркачи од вчера, но засега сè уште нема извештаи за нивниот напредок. Младите фудбалери од Тајланд на возраст од 11 до 16 години заедно со нивниот тренер се блокирани во пештерата од 23 јуни.

dobivaj vesti na viber

12.25 ч Тајландската државна телевизија објави видео од хеликоптер и од амбуланта за кои се верува дека го транспортирале петтото спасено дете.

12. 10 ч Извлечено уште едно дете од пештерата во Тајланд, тврдат очевидци

Си-ен-ен објави дека е извлечено уште едно, петто по ред, дете од пештерата во Тајланд. Телевизијата објави дека член на спасувачкиот тим рекол дека едно момче било видено на носилка пред влезот на пештерата во 16.27 часот по локално време. Оваа информација не е потврдена.

10.50 ч – Уште едно момче ќе биде извлечено за четири часа

Нуркачите влегоа во пештерата, а се очекува следното момче да го извлечат за четири часа. Запрашан за тоа кои момчиња ќе бидат извлечени најпрвин, предводникот на акцијата соопштил дека првин се извлекуваат тие што се најподготвени за тоа.

10.10 ч „Условите за спасување се исти како вчера… Спасувачкиот тим е ист како вчера со некои измени“, рече водачот на спасувачите, Наронгсак Осатанакорн. Тој додаде дека нивото на водата во пештерата не е загрижувачко и дека вчерашните врнежи од дожд не влијаеле на нивото на водата внатре во пештерата.

9.30 ч – (Видео) Милијардерот Маск во Тајланд испрати мини подморница за спасување

Претприемачот од технолошката индустрија и милијардер, Илон Маск, тестира детска подморница за која тврди дека може да послужи за спасување на момчињата заробени во поплавената пештера во Тајланд.

 

9 ч – Осум момчиња и нивниот тренер по фудбал сè уште се заглавени во пештерата на Тајланд. Во спасувачката мисија, која траеше осум часа, вчера беа спасени четири деца. Репортерот на „Гардијан“ јавува дека денеска има многу малку официјални информации и засега не се знае кога ќе продолжи операцијата.

Сомбун Сомпингаи, 38, татко на едно од спасените деца, изјавил за „Ројтерс“, дека спасувачите вчера им рекле дека најсилните деца ќе бидат први извлечени. „Не ни беше кажано кое дете прво ќе биде извлечено… Не можеме да ги посетиме децата во болница затоа што треба да бидат под мониторинг 48 часа“, рекол тој.

Што се случуваше вчера?

19.20 ч – Сe израдував кога го слушнав неговото име, вели мајката на едно од момчињата од пештерата

Мајката на Монгкол Бунпијам, едно од четирите момчиња што беа ослободени од пештерата во Тајланд, вели дека е пресреќна што нејзиниот 14-годишен син најпосле ја здогледал светлината на денот. Таа, како и поголем дел од родителите, ја минала ноќта пред пештерата чекајќи ја радосната вест, пишува „Гардијан“.

„Само го слушнав неговото име, Монгкол, и многу се израдував. Не знам што да му кажам. Чекајте првин да го видам“, раскажува мајката на момчето.

17.02 ч – Почна да врне силен дожд

Репортерот на „Гардијан“ од Тајланд, Џејкоб Голдберг, рече дека неколку минути по прес-конференцијата на спасувачкиот тим, почнало да врне силен дожд.

15.55 ч – Спасувачката акција ќе продолжи утре

На прес-конференцијата, гувернерот на провинцијата Чијанг Рај, Наронгсак Осатанакорн, истакна дека спасувачката акција ќе продолжи утре. Тој истакна дека здравјето на децата е добро и денешната акција ја оцени како успешна. Потврди дека досега се извлечени четири момчиња. Според неговите зборови, акцијата ќе продолжи за 10 до 12 часа.

RKS@kchelvi575

I know this rescue ops is going to be intense as hell but I dint expect it to be this scary ?. These guys deserve Medal of Honour ?

15.45 ч – Момчињата се хоспитализирани

Четирите момчиња што беа извлечени набргу беа однесени во болница и се наоѓаат на прегледи. Како што пренесуваат локалните медиуми, здравствената состојба на едно од момчињата внимателно се набљудува.

15.39 ч – Се огласи и Трамп

Американскиот претседател, Доналд Трамп, на „Твитер“ напиша дека САД одблиску соработуваат со тајландската влада во акцијата за спасување на момчињата од пештерата.

Donald J. Trump

@realDonaldTrump

The U.S. is working very closely with the Government of Thailand to help get all of the children out of the cave and to safety. Very brave and talented people!

15.16 ч – Тајландските „фоки“: Спасени се четири момчиња

Елитната тајландска единица „Фоки“ објави на „Фејсбук“ дека четири момчиња се извлечени од пештерата во која беа заробени 15 дена. Тие се пренесени во болница во Чијанг Раи.

15.03 ч – Семејство се моли за спасување на своето дете

Семејството на 14-годишниот Нутавута Такумсонха се моли за негово спасување и безбедно враќање. Тие најавуваат дека кога ќе се врати, ќе го прослават тоа како негов втор роденден. Неговата баба Ванкаев Пакхума вели дека ѝ олеснило оти децата се пронајдени, но и понатаму е многу загрижена за нивната судбина.

View image on TwitterView image on Twitter

Parthiban@itsparthiban

The family of 14-year-old Nuttawut Takumsonh r praying 4 their boy’s safe return, & say they first thing they’ll do when he’s out is throw a birthday party 4 him. His grandmother has been praying at a shrine in their home, waiting for him to come back safely.

14.55 ч „Ројтерс“: Шест деца се извлечени од пештерата

„Ројтерс“, повикувајќи се на неиуменуван член на медицинскиот тим, пренесе дека од пештерата излегле шест момчиња. Информацијата подоцна беше демантирана.

14.20 ч – Прв од пештерата е извлечен Адул

Детето што прво беше извлечено од пештерата се вика Адул, пресуваат тајландските медиуми.

View image on TwitterView image on TwitterView image on TwitterView image on Twitter

Helier Cheung@HelierCheung

Ambulance just left with sirens

14.06 ч – Две момчиња спасени од пештерата во Тајланд

Спасувачите извлекоа две момчиња од пештерата во Тајланд, јавија локалните медиуми. Ваквата информација ја потврдиле локалните власти за „Ројтерс“.

„Две деца се надвор. Тие се на пат кон болница“, рекол Тосатеп Бунтонг, шеф на институтот за здравје во Чијанг Раи и дел од спасувачкиот тим. Агенцијата „Франс прес“, пак, јави дека набргу се очекува да излезат уште четири момчиња. Тие моментно се наоѓаат во базата на нуркачите внатре во пештерата и се очекува пеш да го продолжат патот до излезот.

12.52 ч – Опасен пат до површината

Талјандската новинска агенција објави нов графички приказ на акцијата за спасување на кој јасно се гледа како децата ќе бидат извлечени на површината. Патот е тежок и опасен.

12.25 ч – Сè зависи од времето

Рафаел Ароуш, израелски нуркач што живее на Тајланд и кој е вклучен во акцијата за спасување, вели дека времето е јак фактор и дека е навистина страшно. Според неговите зборови, во пештерата има многу јаки водни струи, водата се влева од сите можни страни, а временските услови може да ја уништат целата акција.

– Брзината е многу, многу важна – вели тој.

12.02 ч – Првата група деца тргна кон излезот

Првата група момчиња тргна кон излезот, пишува „Гардијан“. Хеликоптерите, кои би требало да ги однесат до најблиската болница во регионот, оддалечена речиси 100 километри, стигнаа на самото место.

11.35 ч – Тренерот напиша порака со извинување

Тренерот што ги одведе децата во пештерата на родителите им испрати пишана порака со извинување.

– Драги родители, сите деца се добри, спасувачкиот тим внимава на нас. Ветувам дека ќе се грижам за сите деца. Им благодарам на сите што помагаат – напиша тој.

10.58 ч – Детали за спасувачката акција – децата ќе бидат влечени со јаже

Тајландската влада го објави планот за спасување на заробените деца во пештерата. Според него, двајца нуркачи ќе придружуваат по едно момче, а низ пештерата ќе ги влечат со јаже.

Кога ќе наидат на тесен премин, нуркачите ќе ги отстрануваат боците со кислород од грбот и ќе ги тркалаат низ премините.

10.30 ч – Почна акцијата за спасување на заробените деца во пештерата

Акцијата за спасување на 12-те деца и нивниот фудбалски тренер од пештерата во Тајланд почна околу 10 часот по локално време.

Спасувачите влегле во пештерата, а претходно на новинарските екипи и на другите присутни им било кажано да ја напуштат околината. Во близина на пештерата останале само спасувачите, лекарите и обезбедувањето. Пристигнати се неколку амбулантни возила и хеликоптери за децата бргу да бидат пренесени во болница.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Владата именува повереници за општините Маврово Ростуше, Гостивар, Центар Жупа и Врапчиште

Владата на денешната седница именува повереници за општините Маврово Ростуше, Гостивар, Центар Жупа и Врапчиште во кои што на локалните...

Свет5 часа

Украина се согласи на мировен договор со Русија, тврдат САД

Украина се согласи на договор за прекин на војната со Русија, при што остануваат само мали детали, изјави американски функционер...

Македонија6 часа

Уапсени директори и заменик министер за земјоделство: излажале дека недостасуваат пченица и јачмен вредни 780.000 евра

Полицијата денеска уапси пет лица осомничени за злоупотреба на стоковите резерви, излажале дека недостасуваат пченица и јачмен вредни 780.000 евра....

Македонија6 часа

Откажано утрешното рочиште за „Пулс“: Недостасуваат адреси од оштетени и нивни застапници

Утрешното судење за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица и околу 200 се повредени, е...

Македонија7 часа

Не е работа на бранителот да биде судска достава, забележаа адвокатите и побараа судот да им го достави интегрираното обвинение и на обвинетите за „Пулс“

Место воведни зборови од одбраната и изјаснување дали се чувствуваат виновни обвинетите за пожарот во кочанската дискотека “Пулс”, денешното второ...

Македонија8 часа

Мицкоски: 6.045 пристигнати апликации, најголем интерес за искористување на мерката за самовработување

Како Влада, силно веруваме дека економијата расте тогаш кога граѓаните имаат поддршка да создаваат, да иновираат и да стануваат претприемачи,...

Топ10 часа

42-годишник пронајден мртов кај селото Нераште: наредена е обдукција, ќе се вештачат траги најдени на местото

Обвинителството извести дека е извршен увид на лице место, дадени се повеќе насоки и наредби со цел откривање на сторителите...

Македонија10 часа

Голема полициска акција: претреси во Скопје, Куманово и на други локации

Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје во тек е полициска акција со претреси во Скопје, Куманово и на други...

Европа11 часа

Зеленски пред тежок избор: планот на Трамп или несигурните Европејци, пишува Политико

Европските претставници вчера воздивнаа со олеснување, верувајќи дека разговорите во Женева вродиле со плод и дека Доналд Трамп ќе ги...

Македонија12 часа

Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење

Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата...

Европа12 часа

Би-би-си: Украинците би можеле да се согласат на изменет мировен план, Русите се друга приказна

Доналд Трамп силно сака мировен договор во Украина. Киев сака мир уште повеќе, но не по секоја цена, пишува Би-би-си...

Свет12 часа

САД преговараат со Русите и Украинците: „Мора да бидеме сигурни дека Русите се согласуваат со ова“

Секретарот на американската армија, Ден Дрискол, пристигна во Абу Даби доцна синоќа на разговори со шефот на украинската воена разузнавачка...

Свет13 часа

Венецуела до авиокомпаниите: Имате 48 часа да ги продолжите летовите или ќе ја изгубите дозволата

Венецуелскиот институт за авијација денес им соопшти на меѓународните авиокомпании дека мора да ги продолжат летовите до земјата во рок...

Свет13 часа

ОН: На секои десет минути жена е убиена од близок човек

ОН вчера соопшти дека минатата година речиси 50.000 жени и девојки биле убиени од интимен партнер, осудувајќи го недостатокот на...

Европа14 часа

(Видео) Зеленски испрати драматично предупредување: неколку часа подоцна, Русите брутално го нападнаа Киев

Русија синоќа започна жесток напад врз Киев и други украински градови, користејќи беспилотни летала „Шахед“ и балистички ракети „Кинжал“. Нападите...

Македонија1 ден

Мицкоски не знаел за инцидентот со Аца Лукас, но најави строга контрола на естрадата: Јасни се законите и правилата, секој мора да ги почитува

Премиерот Христијан Мицкоски од кого викендов на социјалните мрежи се бара извинување по приведувањето на српскиот пејач Аца Лукас во...

Македонија1 ден

Мораме да се срамиме и да црвениме пред Стразбур, вели Мицкоски откако судот најави отворање предмет за случајот на Јанкулоска

Мораме да се срамиме и да црвениме пред Стразбур, вели премиерот, Христијан Мицкоски, откако судот најави отворање предмет за случајот...

Топ1 ден

Уапсен 16-годишник од Охрид: силувал 12-годишно девојче, друг малолетник го снимал, а трет го уценувал девојчето

Денеска во 10:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 16-годишник од Охрид поради сомнение дека на 12.11.2025...

Топ1 ден

Бебе почина во Општата болница во Кичево: било донесено во тешка здравствена состојба

Вчера во 22:10 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на детското одделение при Општата болница во Кичево во тешка...

Македонија1 ден

„По налог на Груевски Мицкоски ја враќа државата деценија назад“, велат од СДСМ

„Македонија повторно се наоѓа во изолација. Наместо држава што чекори напред, со јасна европска перспектива, денес гледаме изолирана земја додека...