Црна хроника
Изминатиот викенд 28 сообраќајни незгоди и четворица тешко повредени

Во текот на изминатите денови на подрачјето на Скопје се случиле 28 сообраќајни незгоди, од кои четири со тешки телесни повреди, 12 со телесни повреди и 12 со материјална штета.
При сообраќајните незгоди четири лица добиле тешки телесни повреди, а 18 лесни телесни повреди. Потоа, санкционирани се 181 возач бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената, а од сообраќај се исклучени и 35 возачи: двајца затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 29-мина бидејќи возеле без да стекнат право на управување моторно возило и четворица затоа што биле возачи почетници.
Исто така, санкционирани се четворица возачи што поминале на црвено светло, двајца затоа што не дале првенство на минување пешаци, еден неправилно се престорил и 22 не користеле заштитен шлем. Покрај ова, од сообраќај се исклучени 27 возила бидејќи 23 биле нерегистрирани, а четири возила технички неисправни.
Во однос на пешаците, санкционирани се осум пешаци што поминале коловоз надвор од пешачки премин и тројца што поминале на црвено светло. Во текот на изминатите денови издадени се 150 мандатни платни налози, а 117 возила се подигнати со „пајакот“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Изгоре куќа во Драчево, нема повредени

Вчера во 21:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во населба Драчево во Скопје настанал пожар во куќа, сопственост на Г.Д.(69) и Д.П.(71), двајцата од Скопје.
Пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.
Извршен е увид.
Црна хроника
Прегазена жена во Ресен, пренесена е во болница со тешки повреди

Вчера во 10:40 часот во ОВР Ресен е пријавено дека на улицата „Илинденска“ во Ресен, патничко возило „форд“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(68) од Ресен, удрило во пешакот, 74-годишната Ф.Ј. од Ресен.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ф.Ј., констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Ресен.
Црна хроника
36-годишен маж од Гостивар измамен за сума од 7.200 денари

Вчера во 15:45 часот во СВР Скопје, 36-годишен маж од Гостивар пријави дека бил измамен за сума од 7.200 денари. Според пријавеното, контактирал со едно женско лице, во врска со оглас на социјална мрежа за издавање стан во Скопје.
Откако се договориле, капарот го оставил во угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар, како што му било кажано, по што подоцна не можел да стапи во контакт со неа, при што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.