Македонија
Почина момчето што пред десетина дена беше претепано во Автокоманда

Момчето што пред десетина дена беше претепано во скопската населба Автокоманда почина денеска во болница. Никола С. (21) на 29 минатиот месец околу 17.30 часот беше нападнат од три лица што излегле од автомобил „мерцедес“. По нападот, лицата избегале, а Никола С. во неконтактибилна состојба бил пренесен на клиника во Скопје. Оттогаш тој беше во кома.
Полицијата на 2 јули поднесе кривична пријава против Б.Б. (20), С.Д. (21) и Ј.Љ. (19), сите од Скопје, за сторено кривично дело насилство. Прво и второпријавениот се уапсени.
Никола беше навивач на „Вардар“. Од навивачката група „Комити“ изразија револт зашто осомничените се гонат за насилство.
„Молчевме цела недела, огорчени, потиштени и со мислите кон нашиот млад брат. Како да ви го објасниме нашиот гнев, нашиот моментален порив за одмазда!? Дали сте свесни дека ќе започнете нешто од кое нема враќање назад. Нашите прашања до институциите, НВО (ако постојат уште такви), медиумите и граѓаните на оваа наша измачена земја, се: од кога дело убиство во обид, кое се казнува со дваесет години затвор, се преобразува во дело насилство? На кој начин дело сторено на 29.6. 2018 година се објавува во полициски билтен на 2.7. 2018 наместо следниот ден,како што е редот и до кога ќе ги заштитувате милениците на дуи(шверцери) како бели мечки?“, напишаа „комитите“ на „Фејсбук“ на 5 јули.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Лажна дојава за бомба ноќеска на скопскиот аеродром

Ноќеска во 02:41 часот, на телефонскиот број за итни случаи 112 е добиена пријава за поставена бомба во авион кој требало да полета од „Меѓународниот аеродром Скопје“ кон Турција.
Како што соопшти утрово Министерството за внатрешни работи, се работи за лажна дојавата за бомба на скопскиот аеродром.
-Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни активности и извршени се потребните проверки од страна на антитерористичката единица при МВР и утврдено е дека пријавата е лажна, односно дека нема никаква експлозивна направа, велат од МВР.
По завршувањето на проверките, околу 06:00 часот, аеродромот продолжи со редовно работење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.
-Во недела попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во првите два дена од новата седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локално невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Скопје
Без струја утре неколку улици во Центар и Чаир

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, без електрична енергија ќе останат:
· од 06.00 до 11.00 часот, корисниците на улица 6 и дел од улица 4 во Сарај. (Општина Сарај )
· од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од ул. Даме Груев и дел од ул. Свети Кирил и Методиј. (Општина Центар