Македонија
Бевме заложници повеќе од 24 часа на манипулирани граѓани, сведочеше поранешната советничка на СДСМ
Организиран напад од страна на манипулирана разулавена толпа граѓани се случи на 7 и 10 јуни пред Општина Центар, вели поранешната советничка во Општината во својство на сведок на СЈО, Весна Милосавлевска. Таа вели дека во моментот кога се случувал нападот, ја молела полицијата да ги заштити, но тие ѝ одговориле дека немале наредба да дејствуваат.
Тие извикуваа: „Пичка ви матер, комуњари едни, предавници, неверници“. Таму бевме заложници повеќе од 24 часа. Тоа беа најнемилите настани. Имаше многу повеќе полиција од првиот ден, но таа беше само нем набљудувач. Од возило им се делеа сендвичи на присутните“, тврди Милосавлевска.
„Во еден момент, несвесно, се најдов во ситуација да го затворам прозорецот зад себе мислејќи дека така ќе ја спречам толпата да довикува и да удира со предмети. Во еден момент некои од советниците на ВМРО-ДПМНЕ нè повикаа да седнеме до нив бидејќи беа свесни за случувањата, да ни понудат заштита. Во моментот кога во салата дојде амбасадорката на ОБСЕ, некој надвор сфати дека тоа треба да престане. Кон нас претходно беа фрлани јајца, домати, шишиња, а сликата изутрината беше сосема несоодветна за една институција“, рече Милосавлевска.
Поранешната советничка ги посочи обвинитетите Даниела Рангелова, Митко Пецев и Даниел Трифуновски како лица што биле присутни за време на насилствата во Општина Центар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

