Црна хроника
Автомобил удрил во мост и паднал под него, возачот тешко повреден
Тешко е повреден дваесет и шестгодишен возач од Виница, кој вчера попладнето на регионалниот пат Виница-Берово со своето возило „дачија дастер“ од засега непознати причини се превртел и паднал под мостот на Ленишка Река.
Несреќата се случила кога тој првин поминал на левата сообраќајна лента, при што возилото се свртело странично и со десната страна удрило во метална ограда од мостот и завршило под мостот.
Возачот Н.Б. со возило на итната медицинска помош бил пренесен до Клиничката болница во Кочани, од каде што, поради сериозноста на повредите, бил препратен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на настанот бил извршен од страна на екипа од Полициската станица Берово. Се работи на целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пиштол и куршуми пронајдени кај жител на Зајас: поднесена кривична пријава
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ф.З.(82) од селото Зајас, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Имено, на 18.08.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во селото Зајас, при што биле пронајдени и одземени пиштол со калибар 9 мм и 38 куршуми со калибар 9 милиметри.
Црна хроника
Охриѓанец претепал 34-годишна жена и нејзиниот малолетен син
Синоќа во Охрид во 17:37 часот, на улица „7 Ноември“ Ф.И(38) физички ја нападнал Н.Н.(34) и нејзиниот малолетен син, сите од Охрид.
Полицијата информира дека по целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Починат охриѓанец пронајден во помошна просторија од куќа
Вчера во 13:51 часот во СВР Охрид е пријавено дека во помошна просторија од куќа на улица „Јане Сандански“ во Охрид бил пронајден починат И.А.(75) од Охрид.
Смрт без траги на насилство, констатирал лекар од Итната медицинска помош во Охрид а увид на местото извршија полициски екипи и јавен обвинител по чија наредба, телото е предадено на обдукција, соопшти полицијата.

