Македонија
(Видео) Делегација на Венецинската комисија на средби со пратениците

Делегација на Венециската комисија, која е во дводневна посета на земјава, денеска одржува средби со пратениците во македнското Собрание. Утринава претставници на делегацијата се сретнаа со пратениците од владејачкото мнозинство – Фросина Ташевска-Ременски од СДСМ, Соња Мираковска од НСДП, Мерел Ферати од ДПА и други.
По средбата со претставниците на парламентарното мнозинство, се одржа средба и со пратеници од опозициските партии.
По завршувањето на средбите, претставник на делегацијата на Венециската комисија ќе даде изјава во која ќе ги презентира деталите од разговорите со пратениците во земјата.
Четиричлената делегација на Венециската комисија, која е во работна посета за евалуација на измените на законите од областа на судството, вчера имаше состанок со министерката за правда, Рената Дескоска. Реформските процеси што ги спроведува Министерството за правда за интеграција на земјава во Европската Унија беа тема на средбата.
Делегацијата на Венециската комисија ќе оствари средби и со претставници на Уставниот суд, Врховниот суд, Здружението на судиите на Република Македонија, Судскиот совет, Јавното обвинителство, како и со граѓанските организации.
Членови на делегацијата на Венециската комисија, која е во посета на Република Македонија, се Ричард Берет, кој доаѓа од Ирска, Цирил Рибичич, член од Словенија, Филип Димитров, кој доаѓа како член на комисијата од Бугарија, и од Франција, Григори Диков, кој е правен експерт од одделот за човекови права и владеење на правото – Советот на Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Велес-Градско

Од 08 часот и 20 минути, утрово, сообраќајот на регионалниот пат Велес-Градско е нормализиран, извести АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин поради сообраќајна несреќа.
Македонија
Почувствуван земјотрес во југоисточните делови на Македонија, епицентарот во Грција

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава во 03 часот и 20 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, 290 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML5.0.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југоисточните делови од Републиката, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Несреќа на патот Велес-Градско, сообраќајот е во прекин

Поради сообраќајна незгода на регионалниот пат Р1102 Велес-Градско, кај крстоница за село Ногаевци, од 06:25 часот сообраќајот е во прекин, извести АМСМ.
На местото на несреќата се врши увид.