Црна хроника
Кај Стоби откриени 25 мигранти од Пакистан
Дваесет и пет илегални мигранти од Пакистан, меѓу кои и едно малолетно лице, се откриени изутринава во 5 часот на стариот пат Неготино-Градско.
Во близина на археолошкиот локалитет Стоби полициски службеници од Полициска страница за граничен надзор Михајлово се обиделе да сопрат товарно моторно возило „рено мастер“ со скопски регистарски ознаки, при што возачот го сопрел возилото и се дал во бегство.
При преглед на возилото откриени се 25 лица, илегални мигранти, сите од Пакистан, од кои едно малолетно. Извршен е увид на местото на настанот. Возилото и мигрантите се предадени во Полициската станица Неготино за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето што го управувало возилото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Покрив и кат од семејна куќа изгореа во Струмица
Денеска околу 09:30 часот во пожар изгореа покрив и кат од семејна куќа на улицата „Спиро Захов“ во Струмица, соопштија од ТППЕ Струмица.
Пожарот го гаснеле три против пожарни возила и 10 пожарникари, кои успеале навреме да го локализираат и ликвидираат и спречиле да се прошири и да предизвика поголема штета.
Во пожарот нема повредени лица, а предизвикана е материјална штета.
Црна хроника
На државно земјиште поставил метална ограда во должина од 74 метри
Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на село Могорче за узурпација на недвижности.
– Кривична пријава е поднесена против А.А.(20) од дебарското село Могорче поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности”, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи – Охрид,
Според него А.А. на државно земјиште во атарот на селото Долно Косоврасти, општина Дебар, неовластено поставил метална ограда во должина од 74 метри и ширина од 21,4 метри и поставил бетонска плоча.
Црна хроника
Дете фатено со марихуана во Карпош
Вчера во 20.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.