Економија
Анѓушев и „Го сакам Водно“ извршија увид на новата предлог-траса на гасоводот преку Водно
Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев, и директорот на Македонските енергетски ресурси, Бајрам Реџепи, заедно со претставници на иницијативата „Го сакам Водно“, денес извршија увид на новата предлог-траса по која би поминувала гасоводната цевка преку Водно.
Новата траса од страна на МЕР е предложена со цел максимално да се заштити зелениот појас на Водно, а сепак во кус рок да почнат градежните работи на гасоводот, кој исто така ќе биде од голема корист за заштита на животната средина.
Вицепремиерот Анѓушев ја поздрави иницијативата на граѓаните за заштита на зелениот појас на Водно, при што истакна дека имал намера лично да ја помине трасата по која треба да се гради гасоводот и на самото место заедно со претставниците на „Го сакам Водно“ и директорот на МЕР да утврди колку зеленило и од кој вид се наоѓа на трасата.
„Невладините организации се коректив на работата на Владата и денес се уверив дека критиките и барањата на иницијативата ‘Го сакам Водно’ се делумно оправдани. Во однос на нивните барања Македонски енергетски ресурси подготви предлог на нова траса за изградба на гасоводот, во кој предлог максимално се избегнуваат површините покриени со шума, делумно ќе се користат и патчињата и патеките што веќе постојат, со што за 70 отсто ќе се намали влијанието врз зелениот појас во постапка на градење. Владата и МЕР прават максимални напори да се започне со изградбата на оваа делница, секое пролонгирање ќе има негативно влијание врз екологијата. Доколку се пролонгира изградбата на оваа делница за дополнителни 2, 3 или 5 години, тоа значи дека многу домаќинства ќе продолжат да ги загреваат домовите со дрва, а тоа значи дека многу повеќе шума ќе се сече за оваа намена отколку за изградбата на гасоводот“, потенцира вицепремиерот Анѓушев.
Вицепремиерот појасни дека изградбата ќе се изведува максимално внимателно, изведувачите за време на градежните работи ќе го заштитат секое дрво што не е на трасата на гасоводната мрежа, а воедно ги покани невладините организации да вршат надзор врз градежните работи.
Вицепремиерот и претставниците на граѓанската иницијатива договорија средба на почетокот на наредната недела, на која треба да се усогласат ставовите и да се прецизираат наредните чекори и динамиката на изведбата на гасоводот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Промоција на станбениот кредит од Халкбанк
Со цел да им обезбеди на клиентите уште поатрактивни услови за реализација на нивните станбени планови, Халкбанк АД Скопје воведе дополнителна промоција на својот станбен кредит кој е со фиксна каматна стапка почнувајќи од само 3,0 отсто за првите 5 години, односно 3,4 проценти за првите 10 години, и променлива за останатиот период на отплата.
Со почеток од 20 ноември, па се до 31 декември 2024 година, станбениот кредит на Халкбанк ќе се издава БЕЗ нотарски трошоци, БЕЗ надомест за полисата за осигурување за првата година и БЕЗ трошок за проценка на недвижниот имот. А фиксниот надоместок за обработка на апликацијата изнесува 3.000 денари.
Максимален износ на средства кои можат да се добијат е до 300.000 евра, со максимален рок на отплата до 30 години, а постои можност и за добивање грејс период во отплатата од 12 месеци. Кредитот може да се користи за купување на стан, купување на куќа, како и за рефинансирање на изложености во други банки по основ на станбен кредит.
Искористете ја атрактивната понуда која трае до крајот на годинава и нека Халкбанк стане вашиот партнер на патот кон обезбедување сопствен дом.
За повеќе информации за условите и аплицирањето за станбениот кредит, посетете ја веб страната на банката или најблиската филијала.
(ПР)
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз
Македонија денес се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград.
Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“, а за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека ова е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани на саемот.
Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата.
„Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино, а се наоѓа на 29-то место по извоз на вино во светот“, заклучи министерот.
Трипуновски додаде дека Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на истото во светот. Девизен прилив од извоз на вино за 2023-та година изнесуваше над 57 милиони евра.
„Нашите вина се продаваат во преку 40 држави во светот. А, најголем дел се пласира овде во регионот, односно на Балканот“, истакна тој.
„Како Влада продолжуваме посветено да работиме во делот на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Република Македонија по извоз и девизен прилив“, нагласи министерот Трипуновски.