Спорт
Дел Потро „преживеа“, Остапенко и Кербер во полуфинале
Хуан Мартин дел Потро ја заврши работата против Французинот Жил Симон за вторпат во кариерата да се пласира во четврт-финалето на Вимблдон, каде што ќе го чека светскиот број 1, Рафаел Надал.
Петтиот носител од Аргентина водеше со 2:1 во сетови пред ме…
Хуан Мартин дел Потро ја заврши работата против Французинот Жил Симон за вторпат во кариерата да се пласира во четврт-финалето на Вимблдон, каде што ќе го чека светскиот број 1, Рафаел Надал.
Петтиот носител од Аргентина водеше со 2:1 во сетови пред мечот да биде прекинат во понеделникот. Последниот сет беше епски, пред Дел Потро да победи со 7:6(1)/7:6(5)/5:7/7:6(5). Делпо губеше со 3:1, но се врати за 5:4 водство и имаше две меч-топки на 40:15, пред 33-годишниот Симон да принуди тај-брејк.
Кај дамите, пак, се „постави“ едното полуфинале на две поранешни гренд-слем шампионки – 11. носителка Анџелике Кербер и 12. носителка Јелена Остапенко.
Двократната гренд-слем шампионка Кербер со 6:3/7:5 ја совлада руската тениска надеж Дарја Касаткина по час и половина на „Централниот терен“. Остапенко, поранешната шампионка од Ролан Гарос, со 7:5/6:4 ја совлада Доминика Цибулкова.
Второто полуфинале ќе биде познато по дуелите Серена Вилијамс-Камила Џорџи и Кики Бертенс-Јулија Гергес.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
УЕФА му го одзеде финалето на Лигата на шампионите на „Сан Сиро“, се бара нов домаќин
Финалниот натпревар од Лигата на шампионите во 2027 година нема да се одигра на миланскиот Сан Сиро, како што беше првично планирано, официјално соопшти УЕФА.
По состанокот на Извршниот комитет на УЕФА во Прага, така одлучија челниците на европската чадор фудбалска организација бидејќи градот Милан не можеше да гарантира дека дотогаш ќе биде завршено реновирањето на стадионот и неговата околина.
Во исто време, УЕФА најави дека повторно ќе го отвори натпреварувањето со цел да се најде соодветен домаќин и локација за тој финален натпревар. Одлуката за домаќинот најверојатно ќе следи во мај или јуни следната година. Финалето на тековната сезона во Лигата на шампионите ќе се одржи на минхенската „Алијанц Арена“ на 31 мај следната година, додека Будимпешта ќе биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите една сезона подоцна.
Спорт
Пешиќ останува селектор на Србија
Искусниот кошаркарски стручњак, Светислав Пешиќ, ќе остане селектор на Србија.
Трофејниот стручњак, кој неодамна ја предводеше Србија до бронзениот медал на Олимписките игри, има истечен договор, но тој ќе биде продолжен по изборот на нов претседател на Кошаркарскиот сојуз на Србија.
Пешиќ неодамна имал средба со новиот претседател на КСС, Небојша Човиќ, при што двајцата договориле соработка во наредните години, пишува српскиот весник „Курир“.
Неодамна Богдан Богдановиќ и Вања Маринковиќ разговараа за тоа како би било добро Светислав Пешиќ да остане на српската клупа, а се чини дека нивната желба ќе биде остварена.
Спорт
ЕХФ доживотно суспендираше српски судии поради местење натпревари
Двајцата српски ракометни судии, Александар Панџиќ и Иван Мошорински, добија доживотна суспензија поради местење натпревари.
Имено, како што пренесува „HandNews“, портал специјализиран за ракомет, српските судии Панџиќ и Мошорински се доживотно суспендирани од сите активности на ЕХФ.
Причината поради која е донесена оваа одлука е тоа што тие биле вклучени во местење натпревари, тврди „HandNews“.
Двајца судии добија доживотна суспензија бидејќи биле вмешани во местење натпревари на Европското првенство во ракомет.
Истиот додава дека покрај доживотна суспензија, биле казнети и парично со по 2.000 евра.
Се додава дека судиите не се појавијле на рочиштето, но барањето на ЕХФ ило прифатено и тие и официјално се избришани од списоците на функционери на ЕХФ за натпреварите што се организираат.
Останува да видиме дали и ќе ги суспендира и Ракометниот сојуз на Србија.
🇪🇺 #EHF
👨⚖️ Le binôme d'arbitres 🇷🇸 impliqué dans l'affaire des matchs truqués radiés à vie par l'EHF 😯
👉 https://t.co/21PEkNDcY8 pic.twitter.com/BbSGAi1oQ3
— HandNews (@HandNewsfr) September 24, 2024