Македонија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ поттикнува говор на омраза, злоупотребувајќи го трагичниот настан со Никола Саздовски

Тоа што ВМРО-ДПМНЕ бесрамно злоупотребува трагични настани и подгрева тензии меѓу граѓаните говори за немањето свест и совест во врвот на оваа партија, велат од СДСМ како реакција на пресот на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој обвини дека СДСМ и Оливер Спасовски се обиделе да го скријат, како што рече, убиството на Никола Саздовски.
„ВМРО-ДПМНЕ 11 години подгреваше поделби меѓу граѓаните и наместо да осуди, поттикнуваше говор на омраза, а сега преку ширење лажни вести и неосновани обвинувања се обидува да разгорува тензии меѓу граѓаните. Апелираме на смиреност кај сите граѓани. Институциите постапуваат соодветно и во рамки на нивната законска надлежност“, се наведува во соопштението на владејачката партија.
Оттаму истакнуваат оти јавноста знае дека Министерството за внатрешни работи за еден ден ги пронашло осомничените за стореното кривично дело.
„Случајот и преквалификацијата на кривичното дело сега се во рацете на надлежното обвинителство. Очекуваме дека низ законска и транспарентна постапка виновниците за овој чин ќе сносат соодветна одговорност во согласност со тежината и во согласност во законите на Република Македонија“, стои во партиското соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.
Македонија
Дел од Карпош без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач (шибер) од ф 200 мм на булеварот Партизански Одреди бб (до поликлиника Букурешт), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Партизански Одреди, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Без струја дел од општина Бутел

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците на улица кај керамика Имола под обиколницата во Визбегово (општина Бутел).