Спорт
Азар: Подобро пораз со Белгија отколку победа со Франција
Еден Азар, капитенот на Белгија, се согласува со својот селектор Роберто Мартинез, дека Белгијците немале доволно магија за да се пласираат во финалето на Светското првенство.
Франција, синоќа, со голот на Умтити победи 1:0 и в недела ќе се бори за све…
Еден Азар, капитенот на Белгија, се согласува со својот селектор Роберто Мартинез дека Белгијците немале доволно магија за да се пласираат во финалето на Светското првенство.
Синоќа Франција со голот на Умтити победи 1:0 и в недела ќе се бори за светската титула со победникот од натпреварот помеѓу Хрватска и Англија.
„Повеќе сакам што загубив со една ваква Белгија отколку да победев со онаква Франција. Тие се бранат цврсто и ефикасно. Не им најдовме ниту една слаба точка. Мал момент на магија ни беше потребен за да постигнеме гол, но не го имавме. Бевме фантастични, елиминирани сме од репрезентација што беше поцврста од нас“, рекол Азар оценувајќи го позитивно целокупниот настап на Белгија во досегашниот тек на првенството.
Белгија в сабота ќе се бори за третото место, а противник ќе ѝ биде поразената репрезентација од пресметката Англија-Хрватска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Реми во дербито меѓу Рома и Јувентус
Рома и Јувентус освоија по еден бод, откако во дербито на 35.коло одиграа 1:1, на „Олимпико“ во Рим.
Рома никако не може да биде здоволна со бодот бидејќи си го компромитира пласманот во Лигата на шампионите. Италија наредната сезона ќе има пет екипи во Лигата на шампионите, а Рома на петтото место има три бода и два натпревари повеќе од Аталанта.
Натпреварот почна добро за Рома, Лукаку се најде на вистинското место во вистинско време и му донесе водство на својот тим во 15. минута.
Јувентус после тоа не сакаше да тактизира, избраниците на Масимилијано Алегри тргнаа во напад, а во 31.минута ја искористија грешката во одбраната на Рома. Резултатот го изедначи Бремер.
До крајот на мечот Јуве беа поблуску до победата. Киеза ја погоди стативата во 47.минута, а потоа голманот Свилар имаше две добри интервенции.
Спорт
Рубљов го освои Мастерсот во Мадрид
Рускиот тенисер Андреј Рубљов победи на Мастерсот во Мадрид.
Рубљов во финалето го совлада Канаѓанецот Феликс Оѓер-Алиасим по три сета, со пресврт 4:6, 7:5, 7:5 по два часа и 49 минути игра.
Рускиот тенисер во главниот град на Шпанија ја освои втората титула од серијата 1000, а воедно осмиот тенисер во светот стана првиот во кариерата кој победил на Мастерсот во Мадрид и во сингл и во двојки.
Русинот лани во Монте Карло го освои првиот трофеј на турнирите од серијата 1000, а за 27-годишниот Русин ова е 16. титула во кариерата, втора во 2024 година.
Спорт
Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата
Три клуба од Евролигата покажале сериозен интерес за најдобриот македонски кошаркар, Ненад Димитирјевиќ.
Димитријевиќ неодамна ја доби наградата за МВП во регуларниот дел од сезоната, во ВТБ лигата. Сезоната ја заврши со просек од 19 поени, 6,6 асистенции, 3,6 скока и 1,3 украдени топки по натпревар.
Пред две недели турнските медуми објавија дека Фенербахче е сериозно заинтересиран за Димитријевиќ. Во неделата, се појави информацијата на „Република Болоња“ дека за Македонецот се интересираат најдобрите италијански тимови, Олимпија Милано и Виртус Болоња.
Извесно е дека Димитријевиќ следната сезона ќе го гледаме во Евролигата.