Македонија
Без струја делови на Сарај, Центар, Чучер-Сандево и Аеродром
Од „ЕВН Македонија“ информираат дека без струја ќе бидат делови на општина Сарај, Центар, Чучер-Сандево и Аеродром.
За денеска се планирани следните исклучувања во електросистемот:
• во периодот од 8.30 до 14 часот на дел од село Рашче (општина Сарај);
• во периодот од 9 до 10 часот на улицата Антон Панов броевите 8, 8а, 10 и 33 во населбата Капиштец (општина Центар);
• во периодот од 9.30 до 11.30 часот без струја ќе бидат корисниците од индустриските објеки на фирмите „МВМ компани“, „Дарс“ и „Гранит“ на Качанички Пат и околината и местото наречено Вртачица (општина Чучер-Сандево);
• во периодот од 5.10 до 15.30 часот корисниците од селата Глумово, Шишево и Матка и фирмите „Бис оил“ и „Адриус“ (општина Сарај);
• во периодот од 8.30 до 10.30 часот корисниците од булеварот Кузман Јосифовски – Питу бр. 22 и бр. 24 и улицата Симеон Кавракиров до бр. 9 во општина Аеродром.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Општина Гази Баба почна со уривање дивоградби
Општина Гази Баба почна со уривање дивоградби. Градоначалникот објави дека од 5 часот утрово се урива дивоградба во Инџиково.
„За урбаната мафија нема место во Гази Баба. Законот мора да се почитува. Во Инџиково од рано утрово во тек е акција за рушење на бесправно изграден објект. Во моментот на акцијата, објектот беше во приземје – карабина фаза, со јасна намера за надградба на уште еден кат. И покрај донесеното решение од градежниот инспектор за стопирање на градбата и затворање на градилиштето, субјектот не постапил по решението и продолжил со градежни активности“, објави градоначалникот Бобан Стефковски.
Тој упати апел до сите граѓани да ги почитуваат законите и да не започнуваат градба без добиено Одобрение за градење.
Македонија
Грција со реакција на изјавата на Мицкоски: Името Северна Македонија е дел од Уставот
Грчкото Министерство за надворешни работи повтори дека Преспанскиот договор, со кој се реши деценискиот спор за името меѓу Атина и Скопје, е дел од уставот на Северна Македонија и е целосно обврзувачки за двете страни, како на меѓународно, така и на домашно ниво, објавија грчките медиуми.
Соопштението од грчкото Министерство следи по коментарите на премиерот Христијан Мицкоски, кој рече дека ефикасно ја вратил употребата на „Македонија“ на домашен терен.
Министерството нагласи дека уставното име на Северна Македонија е експлицитно дефинирано во член 1 од Преспанскиот договор, од кој е дел, и предупреди дека „секој обид за фалсификување или менување на содржината на договорот никогаш нема да биде прифатлив од грчката страна“.
Додаде дека договорот „е дел од меѓународното право и дека почитувањето на него е основа на мирниот соживот на луѓето и државите“.
„Во меѓународните договори нема фактички ситуации; нивното спроведување е униформно и универзално“, соопшти Министерството, истакнувајќи дека напредокот во билатералните односи и патот на Северна Македонија кон ЕУ „бараат строго почитување на договорите и почитување на принципот на добрососедски односи“.
Мицкоски на 15 декември, гостувајќи во дневникот на телевизија Сител, рече дека го вратил името на државата, одговарајќи на прашање за критиките од опозициската СДСМ дека не може да му се верува, меѓу другото, зашто ветуваше поништување на Преспанскиот договор, а тоа не е сторено.
Македонија
Алиу-Сала: Постојат можности за продлабочување на соработката со Република Албанија во областа на здравството
Министерот за здравство, Азир Алиу во рамки на работната посета на Република Албанија оствари средба со министерката за здравство и социјална заштита на Албанија, Евис Сала, на која беше реафирмирана успешната билатерална соработка меѓу двете земји и можностите за понатамошно нејзино продлабочување во областа на здравството.
– Со Република Албанија имаме воспоставено успешна соработка, а со министерката Сала заеднички се залагаме за продлабочување на соработката во повеќе сегменти на здравствениот систем. Лично сметам дека размената на знаења и искуства меѓу медицинскиот кадар од двете земји придонесува кон целокупно унапредување на здравствената заштита. Воедно, ја информирав министерката за нашата заложба за јакнење на човечките ресурси и проактивно планирање на кадровските капацитети, со посебен акцент на унапредување на системот за специјализации и супспецијализации, во согласност со потребите на граѓаните, истакна Алиу.
На работната средба на министрите Алиу и Сала стана збор и за дигитализацијата, како еден од клучните двигатели на развојот на здравствените системи во регионот.

