Македонија
Децата ќе свират и ќе прават инструменти на музичка работилница во Капиштец
Детското лето во Центар продолжува. Минатата среда стотици деца цртаа во паркот „Капиштец“, а оваа среда на истото место во 18.30 часот најмладите жители на општина Центар ќе имаат можност да учествуваат на музичка работилница. Тоа ќе биде вториот од седумте настани од проектот „На одмор сум, во Скопје сум – Општина Центар мисли на мене“, чија основна цел е децата да се едуцираат на интересен начин за време на училишниот распуст и да се поттикнат да излезат надвор на дружење и игра.
Од Општина Центар велат дека преку слоганот „Остави го таблетот, симни се пред зграда“ сакаат да го насочат детското внимание кон нешто што ќе им ја поттикне креативноста и ќе им овозможи здрав начин на забава.
„Годинашниве активности ги концепиравме така што секоја среда децата од нашата општина имааат можност да бидат вклучени во разни сегменти на уметноста. Минатата недела ликовната работилница предизвика огромен интерес кај децата и нивните родители. Оваа среда на музичката работилница очекуваме уште поголем број. Сакаме на децата да им понудиме шаренолико лето“, велат од одделението за образование во Центар.
Одговорна за работилницата е музичарката и композиторка Ана Пандевска, која вели дека акцентот ќе биде ставен на перкусивните инструменти и ќе бидат изложени вибрафон, маримба, тапани, кахон, дајре, шејкер, раганела, добош и други ситни перкусии.
– Децата визуелно и аудитивно ќе се запознаат со овие инструменти, со имињата, звукот, изгледот и со некои од техниките што се употребуваат. Во одреден дел од програмата ќе имаме употреба на body percussion, така што децата ќе го користат сопственото тело како инструмент, како и на основните музички елементи: темпо, ритам, метар, тембр, мелодија, хармонија, форма и сл. Децата ќе прават свои инструменти, шејкери, со кои ќе вежбаат разни ритми. Целта на работилницата е преку игра едукативно да се допре до секое дете што ќе биде на настанот. Истовремено, сите да се забавуваат и да научат нови нешта. Да се обидеме да допреме и до родителите да внимаваат на изборот на музика што се пласира до нивните деца – вели Пандевска.
За време на работилницата перкусионистот Антоние Весковски со задавање ритмо-метрички примери ќе ги анимира децата активно да учествуваат преку игра, а вокалот Ања Ветерова ќе изведе неколку песни од цртани филмови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“
MINT Ins продолжува со своите активности за поддршка на образованието и локалната заедница, овојпат преку донација на училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“.
Донацијата вклучува комплети со геометриски прибор, едукативни материјали и наставни помагала кои ќе придонесат за поквалитетна и подинамична настава, особено во делот на математиката и практичното учење. Со оваа поддршка, MINT Ins има за цел да создаде подобри услови за учење и да ги охрабри децата да го развиваат своето знаење со сигурност и љубопитност.

„Веруваме дека инвестицијата во образованието е инвестиција во иднината. Малите работи, како квалитетен училишен прибор можат да направат голема разлика во секојдневието на учениците и наставниците. Затоа со задоволство ја реализиравме оваа донација,“ велат од MINT Ins.

Од ОУ „Елпида Караманди“ упатија благодарност за поддршката, истакнувајќи дека ваквите донации се значајна помош во унапредувањето на наставниот процес и создавањето позитивна средина за учење.
Во две основни училишта донирани се и клима уреди.

Оваа активност е дел од пошироката општествено одговорна стратегија на MINT Ins, насочена кон поддршка на образованието, децата и заедницата во која компанијата активно делува. Компанијата и понатаму ќе продолжи со иницијативи што носат реална вредност и долгорочно позитивно влијание.
ПР
Македонија
„Лотарија функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчеле за криминалот од 1 милион евра поради опстанок на власт“, вели ВМРО-ДПМНЕ
„СДС за да опстане ден повеќе на власт ги толерирале злоупотребите кои се случувале во Лотарија под раководство на Бајрами, а под покровителство на Груби тоа го потврди и извештајот на ДЗР“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Државна лотарија директно исплаќала аванси за мали добивки на деловни соработници, односно 320 правни лица во износ од близу 14 милиони денари без да го користи пропишаниот „Мастер дилер“.
Од вкупните 14 милиони денари, за 13 милиони денари или нешто над 210.000 евра, во извештајот се вели дека документацијата е неуредна, невалидна или недостасува.
Ревизијата исто така утврдила и спорна и неверодостојна документација и во делот за готовински одливи од 36,5 милиони денари или 600.000 евра и приливи од близу 8 милиони денари или 130.000 евра.
И додека СДС замижувале за време на овој криминал во Државната Лотарија немало внатрешен ревизор.
Дали СДС за опстанок на власт замижал пред криминалот во Лотарија вреден близу 1 милион евра?
Колку пари завршиле во џебовите на Груби и Бајрами?
ЈО да отвoри постапка и да истражи каде завршиле 1 милион евра?
Со молкот од СДС се отвoра сомнеж дека се соучесници во криминалот во Лотарија само за да се одржи коалицискиот мир и да се остане ден повеќе на власт.
Поради сите предмети кои се чуваат во фиока и кои се заташкуваа од страна на Коцевски и обвинителството неопходни се реформи во правосудството. Правда мора да има а законите да важат подеднакво за сите“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда
„Со неуставна Резолуција ДПМНЕ-ЗНАМ сакаат да ја задушат демократијата и слободата на говор во Македонија. Целта е по секоја цена да се обидат да ја замолчат опозицијата да зборува за темата мигранти и нивниот договор. Со забрани и закани за кривични пријави да нема дебата за она што тајно го договориле далеку од очите на јавноста“, велат од СДСМ.
„СДСМ тоа нема да го дозволи. Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда.
Прв чекор ќе биде претставка до Уставниот суд за уривање на уставниот поредок која ќе ја поднесеме денеска.
Предавничката Резолуција е спротивна на Уставот во делот на основните човекови слободи и права а тоа е слободата на изразување и политичко делување.
Заедно со граѓаните Фронтот за правда ќе се бори за Македонија, за слободата и демократијата со сите демократски механизми.
Ќе ја одбраниме Македонија, ќе ја одбраниме демократијата!“, соопшти СДСМ.

