Црна хроника
Уапсен 69-годишен маж кој злоупотребил малолетничка во дворот на прилепскиот Здравствен дом
Основното јавно обвинителство од Прилеп гони лице за полов напад кој се случил денеска во претпладневните часови.
Како што информираат од обвинителството, осомничениот бил забележан од вработени во ЈЗУ Здравствен дом Прилеп како во дворот на установата врши полови дејствија врз детето. По пријавата, реагирала полицијата и сторителот бил уапсен.
Основното јавно обвинителство Прилеп донело наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот на возраст 69 години, за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“, за кое се предвидува затворска казна од најмалку 12 години.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Прилеп доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениoт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

