Македонија
ВМРО-ДПМНЕ бесрамно злоупотребува трагичен настан, обвинува власта

Крајно несериозно и неодговорно, ВМРО-ДПМНЕ бесрамно злоупотребува трагичен настан, кумува на пласирањето неточни информации, невистини и подгрева тензии меѓу граѓаните. Со тоа ВМРО-ДПМНЕ покажува дека нема свест и совест во врвот на опозициската партија.
ВМРО-ДПМНЕ треба да престане со ширењето лаги и оваа срамна злоупотреба на трагичен настан, соопшти СДСМ.
Според партијата, ништо не се крие, туку напротив, јавноста уште во првиот ден од трагичниот чин е запознаена со сите детали за преземените мерки од институциите и сите информации за случајот се јавно достапни.
„Министерството за внатрешни работи за еден ден ги пронајде осомничените за стореното кривично дело. Случајот како и преквалификација на делото сега се кај надлежната институција – Обвинителство. Како одговорна партија уште еднаш повикуваме на смиренсот кај сите граѓани. Повикуваме да не се подлегнува на лажните вести и дезинформациите коишто се шират. Институцииите постапуваат во согласност со нивната законска надлежност. Низ законска и институционална постапка виновниците за овој чин мора да се соочат со одговорност согласно законите на Република Македонија“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне сончево, попладне наместа нестабилно со локален дожд и грмежи

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.
Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).