Европа
ЕУ ги прашува граѓаните дали треба да се укине летното сметање на времето

Граѓаните на земјите членки на ЕУ имаат рок до 16 август да гласаат за тоа дали се за задржување на летното сметање на времето или сакаат да се укине оваа, за многумина, неефективна практика.
Изјаснувањето се врши по пат на онлајн-прашалник во кој испитаниците може да дадат свое мислење за тоа дали летното сметање на времето треба да се укине или да се задржи.
Европската комисија започна консултации што ќе траат до 16 август. Консултациите беа иницирани по барање на Европскиот парламент, како и на граѓаните и неколку земји членки во февруари.
Во март 73 отсто од германските испитаници се изјасниле дека повеќе би сакале да се откажат од летното сметање на времето во истражување на германската осигурителна компанија ДАК. Но, малкумина очекуваат дека тоа би се случило во следните пет години.
Летното сметање на времето првично било воведено во неколку европски земји за да се заштеди енергија за време на Првата светска војна.
Европската регулатива бара часовниците во ЕУ да се придвижат напред за еден час во последната недела од март и да се вратат за еден час во последната недела од октомври.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Чешкиот претседател: Кина е на исто ниво со Русија кога станува збор за хакирање

Кина е на исто ниво со Русија кога станува збор за државно спонзорирано хакирање и шпионажа, изјави чешкиот претседател Петр Павел за „Фајненшл тајмс“.
„Пекинг и Москва се „еднакви во однос на сајбер заканата““, рече тој, додавајќи: „Сведоци сме на сајбер напади од двете страни, речиси на исто ниво“.
Минатиот месец, Чешката Република ја обвини Кина дека е одговорна за „злонамерна кибер кампања“ насочена кон мрежа што се користи за некласифицирани комуникации во нејзиното Министерство за надворешни работи.
Кина ги отфрли обвинувањата.
Европа
Путин: Мојата внука течно зборува кинески

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека неговата внука течно зборува кинески бидејќи нејзината дадилка е од Пекинг. Путин се обидуваше да ги нагласи блиските врски меѓу Москва и Пекинг.
„Споменав дека некои од моите блиски роднини учат кинески, мислев на мојата внука, чија дадилка е од Пекинг. Таа течно зборува кинески со неа“, рече Путин за време на состанокот со странски новинари во Санкт Петербург.
„Русите покажуваат зголемен интерес за учење кинески јазик како што се продлабочуваат економските врски меѓу двете земји. Годишната трговија достигнува 240 милијарди долари“, истакна тој.
Забелешката на Путин понуди редок поглед во личниот живот на рускиот претседател и ги илустрираше блиските врски меѓу двете земји.
Кина не се придружи на меѓународните санкции што ја погодија Русија по нејзината инвазија на Украина во 2022 година, туку се позиционираше како клучен трговски партнер.
Европа
Зеленски назначи нов командант на копнените сили

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи Генадиј Шаповалов за нов командант на Копнените сили, откако неговиот претходник поднесе оставка поради рускиот напад на полигон за обука.
Шаповалов, чие назначување беше објавено со претседателски декрет, претходно беше офицер за врска во координативниот центар на НАТО во Германија.
Претходно ги водеше силите на Оперативната команда „Југ“.
Шаповалов го заменува Михаило Драпатиј на функцијата врховен командант на Копнените сили, кој поднесе оставка овој месец поради смртоносен напад на полигон за обука во југоисточна Украина.
Зеленски го премести Драпатиј на функцијата командант на здружените сили како дел од воената реконструкција.