Вести
Во талибански напад 22 убиени во Авганистан

Најмалку 22 лица загинале во напад на талибански бомбаш самоубиец кој во саботата навечер во авганистанската покраина Кундуз го активирал експлозивот поставен во автомобил додека се собирале припадници на безбедносните сили.
Станува збор за последниот во серијата смртоносни напади на авганистанските талибани изминатите два дена во кои цел и беа база на НАТО во близина на главниот град Кабул и во него сместената полициска академија, и врз пазар во кои вкупно загинаа 49 луѓе, а повеќе од стотина беа ранети, што е најголем број на цивилни жртви во еден ден од 2009 година, откако се водат прецизни податоци за терористичките напади во Авганистан.
Портпаролот на полицијата Сарвар Хусаин за агенцијата DPA изјавил дека повеќето од загинатите во саботата ноќта биле припадници на провладините сили во областа Ханабад, познати како Арнаки, а меѓу нив имало и четворица команданти.
Талибаните ја преземаа одговорноста за нападот во Кундуз, истакнувајќи дека целта им била „важното собирање на антиталибанските сили“.
Кундуз стана најопасната покраина за цивилите во Авганистан. Во првите шест месеци од 2015 година загинале 51 а ранети се 162 цивила, според извештајот на Обединетите нации.
ОН во средата објавија дека во Авганистан во првата половина од годинава загинале 1.592 цивили и биле ранети уште 3.329 цивили, и оти е најголемата од 2009 година, кога започна да се води ваквата статистика, осум години по инвазијата на меѓународната антитерористичка коалиција предводена од САД со којашто беше соборен талибанскиот режим. Главна причина за тоа, како што се наведува во извештајот на ОН, се судирите на теренот меѓу исламистичките бунтовници и авганистанските безбедносни сили.
Вкупно земено, бројот на жртвите од судирите се зголемил за еден отсто во однос на првата половина од минатата 2014 година.
Особено се погодени жените и децата, па така жените страдале 23 отсто повеќе а децата 13 проценти повеќе отколку во текот на минатата година./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.