Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Нема правда за Никола Саздовски и неговото семејство
Правда нема за Никола Саздовски и неговото семејство. Правда нема за убиениот фудбалер Мартин Јанушев и неговото семејство. Правда нема и за десетици други што ги загубија своите животи или беа брутално напаѓани и бодени со ножеви на улиците во напливот на криминал во Македонија откако СДСМ ја презеде власта, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, СДСМ не само што молчи за неправдата и свирепите убиства, туку и ги прикрива сторителите, а загубените животи станаа само обична статистичка бројка во црните билтени на МВР. Ладнокрвните убиства станаа обично насилство.
„Цената за концесиите на Заев кон криминалното подземје сега ја плаќаат граѓаните на Македонија. Благодарение на ваквите концесии и коалиција на СДСМ со криминалното подземје, на слобода се најдоа над 800 криминалци, кои дополнително ја влошија безбедносната состојба во државата и направија родителите да се плашат за безбедноста на своите деца. Изгубените животи и семејствата завиени во црно не се важни за СДСМ и Заев бидејќи повеќе не можат да ги користат човечките трагедии за собирање политички поени“, е ставот на опозициската партија.
Според ВМРО-ДПМНЕ, во јавноста од Заев и од Владата нема да слушнете ни за влошената економска состојба, ниту за хаосот во македонското здравство или, пак, судството потчинето на Зоран Заев, нема да слушнете ни за чемерот и јадот што на Македонија ѝ ги донесе СДСМ. Реформи нема на ниту едно поле, нема ниту датум за преговори со ЕУ ниту безусловна покана за НАТО.
„Ваквата состојба во Македонија е резултат на неспособноста на Владата на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи ова лудило да продолжи. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да продолжат поразите што СДСМ ѝ ги нанесува на Македонија. Токму поради тоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните оваа недела во 13 часот во Кавадарци на протестен марш кој ќе започне од кружниот тек „Сашко Гешковски“ до спомен-плочата и паметникот во Кавадарци посветен на формирањето на првиот комитет на ВМРО по Солунскиот. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните да им кажат на Зоран Заев и СДСМ дека Македонија се буди и дека Македонија ќе победи“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ковачки: Честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е огромна, продолжуваме обединети во нови победи
Одговорноста е голема, но честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ под лидерството на Христијан Мицкоски e огромна, напиша на социјалните мрежи пратеникот Драган Ковачки откако беше избран на позицијата во партијата.
„Дадената доверба што ми ја укажа претседателот Мицкоски е обврска кон идејата, кон членовите на партијата и кон Македонија.
Благодарен сум за поддршката, за вербата и за можноста заедно да продолжиме по патот на сплотеност, чесна борба и посветена работа.
Благодарност до досегашниот генерален секретар Ѓорѓија Сајкоски кој несебично и целосно беше посветен на организацијата.
Продолжуваме обединети, со срце и со јасна цел во нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и иднина каква што ја заслужува Македонија“, напиша Ковачки.
Македонија
Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски
Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна претседателот на партијата Христијан Мицкоски.
„Централниот комитет донесе одлука за избор на нов Извршен комитет на партијата, што претставува спој помеѓу искуството и дел од луѓето којшто се веќе дел од претходните состави на Извршниот комитет и нови членови коишто заедно со оние коишто во минатото беа дел од Извршниот комитет ќе го формираат новиот Извршен комитет на партијата“, посочи Мицкоски.
Овие одлуки, како што рече, се јасен показател дека партијата се менува и се прилагодува на новите предизвици.
„Нашата цел е создавање силна, ефикасна и обединета структура која ќе даде конкретни и одговорни решенија за потребите на граѓаните.
Во периодот што следува, влегуваме во фаза на кадровско екипирање и дополнително отворање на партијата кон нови идеи, нови луѓе и нова енергија. Ќе работиме на зајакнување на внатрешната организација, транспарентноста и инклузивнот процес на членството“.
Најави дека во периодот што следи ќе има доекипирање на структурата на партијата, а веќе во мај месец а најдоцна до јуни, ќе има и рекострукција на дел од ресорите во рамките на владиниот кабинет, а можеби, како што рече и во некои институции.
Досега, информира тој, не е направена таква анализа но во периодот кој следи, истата ќе биде направена.
Соопшти дека за нов генерален секретар е избран пратеникот Драган Ковачки.
Членови на Извршниот комитет се: Александар Николовски, Владо Мисајловски, Гордана Димитриеска Кочоска, Тимчо Муцунски, Ѓорѓија Сајкоски, Никола Мицевски, Луке Галевски, Антонијо Милошоски, Дафина Стојаноска, Рашела Мизрахи, Влатко Ѓорчев, Кирил Пецаков, Марија Андоновска, Ели Панова, Игор Јанушев, Марија Митева, Благоја Ташаминов, Орце Ѓорѓиевски, Онер Јакуповски, Драгана Бојковска, Синиша Стојановски, Стефан Андоновски, Филип Поповски и Бобан Николовски.
Огранизационен секретар е Ивица Томовски, а за шеф на кабинетот на Мицкоски продолжува да биде Владимир Неловски.
„Во услови кога имаме опозицијата која не нуди решенија и која е целосно безидејна, полна со проблеми, знаеме дека решението мора да биде силен граѓански инпут за силна и стабилна ВМРО- ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува по патот на обнова, обединување и подготовка за нови изборни победи, јасно е дека следните ќе бидат парламентарните избори, со една јасна цел – подобар живот за сите граѓани“.
Македонија
Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните, велат од СДСМ
„Антилогика – ЗНАМ го напаѓа СДСМ затоа што Максим Димитриевски призна дека не живее од плата.
Па СДСМ само ја објави вистината, не може да им бидеме криви ние за признанието на Максим.
Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните.
Тоа веќе сите го знаат“, велат од СДСМ.
Според опозициската партија, со ваквата политика, како што велат, сè да биде приватен бизнис на тендер коалицијата, веќе недостигаат две милијарди евра.
„Што се однесува на времето на ковид кризата државата се задолжуваше за да им помогне на граѓаните, бидејќи СДСМ и тогаш и сега, се грижи за граѓаните. За разлика од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ кои се луксузираат на грбот на народот и вратат тендери.
Таков е примерот со тендерот од 1,2 милиони евра Пошта, за фирмата блиска до ЗНАМ. Додека вработените во Пошта со месеци им доцнат платите.
Работниците да гладуваат, а тие да живеат во луксуз. Така е составен и буџетот, само за нивните потреби“.

