Црна хроника
Скопјанец измамил мигранти – им зел по 3.000 за да ги пренесе во Србија, но ги оставил среде пат
Тринаесет мигранти од Ирак биле откриени на патот Куманово-Табановце. Во разговор со полицијата тие рекле дека непознато лице, за кое подоцна се утврдило дека станува збор за жител на скопско Студеничани, им зело по 3.000 евра за да ги пренесе од грчката граница до Србија, но ги оставил среде пат.
Според информациите на МВР, завчера околу 7 часот во близина на бензинска пумпа на автопатот Куманово-Табановце фатена е група од 13 мигранти од Ирак, без документи за идентификација, од кои деветмина мажи, две женски лица и две деца. Тие се движеле во правец од Куманово кон патниот премин Табановце. Едно лице, кое било дел од групата, наш државјанин, и кое требало да ги смести мигрантите во реонот на село Ваксинце, претходно ги оставило мигрантите и побегнало.
Во разговор со полицијата мигрантите рекле дека од страна на непознатото лице тие биле транспортирани од јужната граница кон ГП Табановце со автомобил „ауди-А8“. Според нивното кажување, непознатото лице им се заканувало и од секој одделно зело по 3.000 евра за да ги спроведе од грчката граница до Србија. Притоа тој ги измамил и насилно ги растоварил во близина на бензинската пумпа.
По преземените оперативни чекори, полицијата утврдила дека станува збор за лицето Ф.В. (35) од скопско Студеничани.
Мигрантите како жртви на шверцување привремено се сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

