Свет
Куба го менува Уставот, воведува функција премиер

Објавени се детаљите за новиот облик на кубанската влада, судовите и економијата. Националното собрание, според информациите, треба овој месец да ја одобри уставната реформа.
Со уставната реформа од 1976 година ќе биде воведена функцијата премиер, со што ќе се раздвои улогата на шефот на владата и шефот на државата.
Комунистичката партија ќе остане единствената политичка сила во земјата и во новото издание на Уставот. Но, изменетиот Устав, воведува новини кога станува збор за слободниот пазар и приватното сопствеништво во кубанското општество, како и претпоставка за невиност во правосудниот систем.
Се очекува предложената уставна реформа, која е опишана во главниот државен весник, да биде одобрена на национален референдум подоцна оваа година.
Новиот Устав ќе ги задржи правата како што е слобода на вероисповед, а од друга страна јасно ќе го издвои принципот на недискриминација во поглед на родниот идентитет, иако во кубанскиот весник не се прецизира во која мера државата ќе ги признае истополовите бракови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Путин им испрати порака на Германците на германски јазик

Рускиот претседател Владимир Путин го коментираше ставот на западните политичари кон поранешниот германски канцелар Герхард Шредер. Путин зборуваше за Шредер како дел од документарниот филм на Саида Медведева и Павел Зарубин „Русија. Кремљ. Путин. 25 години“ емитуван на телевизискиот канал Русија-1.
Шредер, социјалдемократ кој ја водеше Германија во коалиција со Зелените од 1998 до 2005 година, е во добри односи со Путин. Тој беше член на одборот на руските државни енергетски компании откако ја напушти функцијата канцелар.
Како канцелар, Шредер го промовираше „Северен тек 1“, а како претседател на одборот на „Северен тек 2 АГ“ – директна подружница на рускиот државен енергетски гигант „Газпром“ – ја промовираше изградбата на нов гасовод.
Одговарајќи на прашање за тоа дали Шредер е држен подалеку од официјални настани за да не биде во иста рамка со германскиот канцелар Олаф Шолц, Путин предупреди дека канадскиот парламент му аплаудирал на 98-годишниот поранешен нацист Јарослав Хунка.
„И за да можам да бидам слушнат во Германија, ќе се обидам да го кажам тоа дури и на германски: колку подалеку од Шредер, толку поблиску до Ентони Рота (претседателот на канадскиот парламент), кој сочувствува со нацистите. Има многу пристојни луѓе во Германија. И сигурен сум дека многумина ќе го чујат ова“, рече Путин, зборувајќи на германски.
Путин ја нарече стоечката овација за украинскиот нацист „скандалозен настан“. „Неодамна видовме скандалозен настан во канадскиот парламент, каде што аплаудираа на нацист“, нагласи тој.
Европа
(Видео) Поставен оџак на Систинската капела, објавени се снимки од внатрешноста

Ватикан ја подготви Систинската капела за конклавата на која 133 кардинали ќе го изберат 267-от папа на Католичката црква.
Канцеларијата за печат на Светиот Престол објави фотографии и видеа од внатрешноста на капелата, каде што подготовките за конклавата, која започнува на 7 мај, влегуваат во завршна фаза.
Еден ден претходно, пожарникарите поставија оџак на покривот на Систинската капела кој би испуштал црн чад доколку најмалку 89 кардинали не успеат да постигнат договор за нов папа. Белиот чад означува дека кардиналите избрале нов поглавар на Католичката црква.
Свет
(Видео) Иран претстави нова балистичка ракета: „Доколку нè нападнат, ние ќе возвратиме насилно“

Иран вчера претстави нова балистичка ракета со дострел до 1.200 километри, објавија државните медиуми. „Балистичката ракета на цврсто гориво „Гасем Басир“, со дострел од најмалку 1.200 километри, е најновото одбранбено достигнување на Иран“, објави иранската државна телевизија.
Западните земји се загрижени за напредокот на иранската програма за балистички ракети, која веќе е обвинета за дестабилизација на Блискиот Исток, а чии ракетни капацитети го ставаат Израел, неговиот заколнат непријател, во дострел на оганот.
⚡️BREAKING
Iran unveiled the Qassem Basir ballistic missile with pinpoint accuracy
The missile is specifically designed to bypass the US Thaad defence system
▪️Range: 1,300 km
▪️No use of GPS and immune to electronic warfare
▪️Carbon composite body
▪️Maneuverable warhead… pic.twitter.com/ErBqrnt4Ki
— Iran Observer (@IranObserver0) May 4, 2025
Државната телевизија објави видео од лансирањето на новата ракета за време на интервјуто со министерот за одбрана, генерал Азиз Насирзадех.
„Доколку нè нападнат и биде покрената војна против нас, ние ќе возвратиме насилно и ќе ги таргетираме нивните интереси и бази“, рече министерот.
Тој додаде дека Иран „не негува непријателство кон соседните земји, но американските бази се ирански цели“.