Регион
За Мухаџери неколку пати беше објавувано дека е мртов
Најпознатиот балкански џихадист Лавдрим Мухаџери, за кого во повеќе наврати се појавуваа информации дека е убиен, според информациите на косовскиот весник „Коха диторе“, се крие во Македонија, во некои скопски села.
Весникот пишува дека голем број борци на страната на Исламската држава ја напуштиле Сирија по нападите на Русија врз Сирија. Мухаџери кој потекнува од косовскиот град Качаник, е познат како „офицер за врски“ меѓу Исламската држава и Албанците од Косово и од Македонија. По информациите дека е убиен, во јавноста се појавуваа повторно видеа на кои беше Мухаџери, но се уште не постои сигурен доказ дали е жив или убиен.Го привлече вниманието на јавноста по пропагандниот видео запис „Ѕвечкање на мечевите“, каде е прикажан како мавта со сабја над главата и извикува дека ќе го освои Рим и Шпанија. После тоа, тој и негов пријател, Албанец, ги палат своите пасоши.Јавноста беше згрозена кога на својот Фејсбук профил објави снимка и слики како му ја отсекува главата на момче од Сирија. Мухаџери е харизматичен говорник и беше многу активен на социјалните мрежи, но откако се појавија гласините дека е убиен, исчезна од сајбер просторот и неговата Фејсбук страница веќе не постои.Неговото место во редовите на ИС го зазел неговиот колега од видео записот на кое ги палат пасошите, Ривдан Хакифи, за кого исто така косовскиот весник пишува дека се крие во Македонија.Тој пак ја шокираше јавноста со наредбата да се убијат сите оние кои помогнале за враќањето на Косово на момчето чиј татко го однесе на боиштата во Сирија.Дилемата дали Мухаџери е жив или мртов и ако е жив зошто се крие, аналитичарите ја толкуваат како можност Мухаџери да ги имитира високо рангираните терористи како Абу Бакр ал-Багдади и неговиот воен заповедник Умар ал Шишани за кои, неколку пати се тврдеше дека ги убиле Курдите.Аналитичарите толкуваат дека нема сомнеж дека Мухаџери е интелигентен и искусен воен стратег. Тој работел во главната американска база на Косово “Bondsteel”. Во 2010 година преку приватна компанија заминал во Авганистан каде работел во камповите на НАТО.По враќањето во родниот Качаник се поврзува со независни исламски организации, пред да замине за Сирија и да пристапи во редовите на милитантите на Исламската држава.Се верува дека прв пат во Сирија отпатувал во 2012 година, за по 12 месеци да се врати на Косово, каде е предмет на полициска истрага.Набргу, засекогаш ја напуштил татковината и се вратил во Сирија, како еден од 500-те етнички Албанци од западен Балкан кои се борат на страната на Исламската држава./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Србија прогласи вонредна состојба поради снегот: Илјадници домаќинства без електрична енергија
Србија утрово се разбуди под снег и мраз, а поради лошите временски услови, вонредна состојба е во сила во дури 11 општини и градови. Најголеми проблеми се прекините на електричната енергија, поради што повеќе од 6.000 домаќинства останаа без струја, пишува Н1 Србија.
Илјадници домаќинства без струја
Милорад Спасојевиќ од Секторот за вонредни ситуации потврди за РТС дека најголемиот проблем е прекинот на електричната енергија. „Околу 6.450 потрошувачи се без струја. Најлошо е во златиборската, колубараската, моравичката и мачванската област“, рече Спасојевиќ.
Цела Србија се разбуди со температури во минус. Најстудено беше на Копаоник, каде што беа измерени -17 степени, додека најниските температури меѓу градовите беа забележани во Кикинда и Сјеница, со -10 степени.
Според податоците од Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) од 6:09 часот наутро, во Белград, Ниш и Крагуевац се измерени -5 степени, а во Нови Сад -8 степени. На Црни Врх, каде што е регистрирана и снежна бура, температурата била -13 степени, а на Златибор -11 степени. По многу студеното утро, се очекува температурата да се зголеми на некои места во текот на денот.
Поради опасни временски феномени, утрово е во сила портокалова временска тревога за Белград, Бачка, Банат, Срем, Западна Србија, и Југозападна Србија.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)

