Македонија
Лани евидентирани над 200 кривични дела за кражба на дрва
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска присуствуваа на конференцијата на тема „Заштита на шумите, искуство и научени лекции од Италија“ заедно со амбасадорот на Италија, Карло Ромео, и генералот на италијанскитр карабинери, Донато Монако.
Целта на денешната конференција, како што велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, била да се презентира моментната состојба на шумите и стопанисувањето со нив, како и да се чујат искуствата на Италија во областа на справувањето со пожарите и нелегалната сеча.
„Заштитата на шумите како природно национално богатство е еден од нашите приоритети во спроведувањето на политиките за одржливо стопанисување со шумите. Пожарите, нелегалната и нерегистрираната сеча се голема закана за нашите шумски ресурси и тоа доведува до широк спектар на разурнувачки економски, социјални и еколошки проблеми. Првпат минатата година побаравме од Државниот завод за ревизија да подготви извештај за ефикасност на мерките, политиките и проектите за заштита на шумите во Република Македонија, но се покажа дека изминатите години не се изработени важните законски и стратешки документи на оваа тема и воопшто не се вложувало во заштита на шумите“, изјави министерот Николовски.
Тој посочи дека за намалување на штетните влијанија врз шумите и справувањето со нелегалната сеча потребно е почитување на принципите за одржливо управување со шумите на институциите кои законски се надлежни за шумите, силни надзорни и контролни органи и ефикасна координација со другите институции.
Министерот Спасовски потенцира дека мора да се зголемат практичните напори во сузбивањето на натамошното уништување на шумите, притоа градејќи поефикасен и координиран систем за дејствување, кој, меѓу другото, ќе се темели и на сите проверени, соодветно применливи и позитивни искуства, како што се случајот се искуствата и практиките на италијанските институции во превенцијата и сузбивањето на непланското и незаконско однесување кон шумите, но и нивна заштита и чување.
„Конечно, сакам сосема отворено да искажам едно свое лично убедување, личен мотив – човекот е дел од природата и нашиот опстанок зависи исклучиво од нејзиното чување, а не од нејзиното загосподарување. МВР неколку години по ред ги засили напорите за превенирање и сузбивање на нагорниот тренд на незаконско пустошење и сеча на шумите и нивна незаконска препродажба како огревен или градбен материјал. Само во текот на минатата година беа евидентирани 206 кривични дела по основ на кражба на дрва или пустошење шуми, со кои беа опфатени 243 сторители против кои севкупно беа поднесени 174 кривични пријави“, изјави Спасовски.
Министерот додаде дека станува збор за бесправно исечена дрвна маса вредна речиси 11 милиони денари или точно 10.939.000 денари, односно за неповратно загубени 24.841 кубен метар дрвна маса.
МВР во тесна соработка со МЗВШ лани изведе 315 заеднички акциски контроли, при што беа одземени 607 кубниметри дрвна маса, а годинава, односно во изминатите шест месеци, беа спроведени 359 заеднички акциски контроли и беа одземени 510 кубни метри дрвна маса.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ковачки: Честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е огромна, продолжуваме обединети во нови победи
Одговорноста е голема, но честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ под лидерството на Христијан Мицкоски e огромна, напиша на социјалните мрежи пратеникот Драган Ковачки откако беше избран на позицијата во партијата.
„Дадената доверба што ми ја укажа претседателот Мицкоски е обврска кон идејата, кон членовите на партијата и кон Македонија.
Благодарен сум за поддршката, за вербата и за можноста заедно да продолжиме по патот на сплотеност, чесна борба и посветена работа.
Благодарност до досегашниот генерален секретар Ѓорѓија Сајкоски кој несебично и целосно беше посветен на организацијата.
Продолжуваме обединети, со срце и со јасна цел во нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и иднина каква што ја заслужува Македонија“, напиша Ковачки.
Македонија
Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски
Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна претседателот на партијата Христијан Мицкоски.
„Централниот комитет донесе одлука за избор на нов Извршен комитет на партијата, што претставува спој помеѓу искуството и дел од луѓето којшто се веќе дел од претходните состави на Извршниот комитет и нови членови коишто заедно со оние коишто во минатото беа дел од Извршниот комитет ќе го формираат новиот Извршен комитет на партијата“, посочи Мицкоски.
Овие одлуки, како што рече, се јасен показател дека партијата се менува и се прилагодува на новите предизвици.
„Нашата цел е создавање силна, ефикасна и обединета структура која ќе даде конкретни и одговорни решенија за потребите на граѓаните.
Во периодот што следува, влегуваме во фаза на кадровско екипирање и дополнително отворање на партијата кон нови идеи, нови луѓе и нова енергија. Ќе работиме на зајакнување на внатрешната организација, транспарентноста и инклузивнот процес на членството“.
Најави дека во периодот што следи ќе има доекипирање на структурата на партијата, а веќе во мај месец а најдоцна до јуни, ќе има и рекострукција на дел од ресорите во рамките на владиниот кабинет, а можеби, како што рече и во некои институции.
Досега, информира тој, не е направена таква анализа но во периодот кој следи, истата ќе биде направена.
Соопшти дека за нов генерален секретар е избран пратеникот Драган Ковачки.
Членови на Извршниот комитет се: Александар Николовски, Владо Мисајловски, Гордана Димитриеска Кочоска, Тимчо Муцунски, Ѓорѓија Сајкоски, Никола Мицевски, Луке Галевски, Антонијо Милошоски, Дафина Стојаноска, Рашела Мизрахи, Влатко Ѓорчев, Кирил Пецаков, Марија Андоновска, Ели Панова, Игор Јанушев, Марија Митева, Благоја Ташаминов, Орце Ѓорѓиевски, Онер Јакуповски, Драгана Бојковска, Синиша Стојановски, Стефан Андоновски, Филип Поповски и Бобан Николовски.
Огранизационен секретар е Ивица Томовски, а за шеф на кабинетот на Мицкоски продолжува да биде Владимир Неловски.
„Во услови кога имаме опозицијата која не нуди решенија и која е целосно безидејна, полна со проблеми, знаеме дека решението мора да биде силен граѓански инпут за силна и стабилна ВМРО- ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува по патот на обнова, обединување и подготовка за нови изборни победи, јасно е дека следните ќе бидат парламентарните избори, со една јасна цел – подобар живот за сите граѓани“.
Македонија
Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните, велат од СДСМ
„Антилогика – ЗНАМ го напаѓа СДСМ затоа што Максим Димитриевски призна дека не живее од плата.
Па СДСМ само ја објави вистината, не може да им бидеме криви ние за признанието на Максим.
Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните.
Тоа веќе сите го знаат“, велат од СДСМ.
Според опозициската партија, со ваквата политика, како што велат, сè да биде приватен бизнис на тендер коалицијата, веќе недостигаат две милијарди евра.
„Што се однесува на времето на ковид кризата државата се задолжуваше за да им помогне на граѓаните, бидејќи СДСМ и тогаш и сега, се грижи за граѓаните. За разлика од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ кои се луксузираат на грбот на народот и вратат тендери.
Таков е примерот со тендерот од 1,2 милиони евра Пошта, за фирмата блиска до ЗНАМ. Додека вработените во Пошта со месеци им доцнат платите.
Работниците да гладуваат, а тие да живеат во луксуз. Така е составен и буџетот, само за нивните потреби“.

