Македонија
Заев: НАТО и ЕУ значат подобар животен стандард за граѓаните

Поддршката на интеграциските процеси на Македонија, како и зајакнувањето на економската билатерална соработка помеѓу Македонија и Австралија, биле во фокусот на средбата што денеска ја оствариле амбасадорката на Австралија во земјата, Џулија Фини, и претседателот на Владата, Зоран Заев.
Од владиниот прес-центар соопштија дека Заев за време на средбата со амбасадорката, чиј мандат завршува, истакнал дека поканата за пристапни преговори за НАТО и најавениот датум за почеток на преговорите со ЕУ значат шанси за економски развој на Македонија и подобар животен стандард за граѓаните.
„Веќе има многубројни инвестиции за кои имаме потпишано договори или сме во фаза на договарање, што значи повеќе работни места за граѓаните, како и повисоки плати. Македонија и Австралија ги поврзува дијаспората, но и одличното пријателство и постојат услови да се развие економската соработка од заеднички интерес“, истакнал Заев. Тој пред амбасадорката најавил дека во периодот што престои уште посилно ќе се посвети на економијата во државава, по дипломатската активност која резултирала со отворени врати за евро-атлантските интеграции.
Од прес-центарот на Владата додаваат Заев ги изнел своите очекување оти граѓаните што избрале демократски развој на земјава, со европска и НАТО-иднина, ќе дадат силна поддршка на продолжување на овие процеси до конечна реализација на стратешките цели – интеграција во НАТО и ЕУ.
Австралиската амбасадорка во рамките на средбата посакала Македонија да продолжи да се развива во современо модерно општество, добро место за живеење за своите граѓани, соопшти владината прес-служба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Уште еден вознемирувачки напад врз бугарски државјанин во Северна Македонија!“, напиша Ковачев

„Сериозно сум загрижен од она што се случи денес со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска – бугарска државјанка. Ги повикувам Министерството за надворешни работи и бугарската амбасада во Скопјe веднаш да ѝ обезбедат правна, конзуларна и морална заштита“, напиша бугарскиот европратеник Андреј Ковачев на социјалните мрежи.
„Ова е уште еден случај на насилство, малтретирање и јавно линчување врз бугарски државјани кои држат високи јавни функции и стекнале бугарско државјанство врз основа на докажано бугарско потекло – само затоа што се осмелиле да се изјаснат како Бугари.
За жал, притисокот е толку силен што нашите сонародници се принудени да го кријат или негираат својот бугарски идентитет. Сличен случај неодамна беше со министерката за енергетика Сања Божиновска, со неколку пратеници од владејачката ДПМНЕ, како и со луѓе од најблискиот семеен круг на сегашниот, минатиот и претходните премиери на земјата.
Бугарската држава има должност кон своите над 216.000 бугарски државјани во Република Северна Македонија, кои станале такви по своја слободна волја, го докажале своето бугарско потекло со документи и со свој потпис изјавиле дека сега се чувствуваат како етнички Бугари. Бугарија е должна да ги заштити нивните права, безбедност и човеково достоинство“, додаде Ковачев.
Македонија
„Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски се огласи на социјалните мрежи, по нападот врз градоначалничката Данела Арсовска.
„Она што ѝ се случи денес на Данела Арсовска не е „инцидент“. Тоа е директен напад врз институцијата, врз една жена, врз јавниот поредок.
Со клоци, со пцуење, со закани за силување и убиство на нејзиното семејство.
И што? Ќе викаме „демократија“?! Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски.
Македонија
(Видео) Арсовска објави снимка од нападот: Јас го напаѓам него или тој мене?

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска објави снимка од денешниот напад врз неа, на социјалните мрежи.
Во објавата на социјалните мрежи, Арсовска прашува дали таа напаѓа или е нападната и се брани.