Спорт
Спектакуларен пречек за светските вицешампиони (видео)

Светските вице-шампиони, фудбалерите на Хрватска, добија спектакуларно, шампионско добредојде од целата држава. Авионот со кој фудбалерите се вратија во Хрватска, на аеродромот во Загреб слета околу 15:20 часот.

Уште на аеродромот Модриќ, Ракитиќ, Манџукиќ, Перишиќ, Субашиќ, Врсаљко, Вида и останатите беа пречекани од бројни навивачи, а откако влегоа во панорамскиот автобус се упатија кон главниот плоштад „Бан Јелачиќ“, во Загреб.
На плоштадот според полициски проценки репрезентативците на Хрватска и стручниот штаб биле пречекани од преку 60.000 луѓе. Некои од хрватските медиуми шпекулираа дека на плоштадот имало околу 100.000 луѓе.
Heroji sletjeli u Zagreb! Ludnica na aerodromu, na Trgu ih čeka 80 tisuća ljudi
Gepostet von Index.hr am Montag, 16. Juli 2018


Светските вицешампиони, фудбалерите на Хрватска, добија спектакуларно шампионско добредојде од целата држава. Авионот со кој фудбалерите се вратија во Хрватска на аеродромот во Загреб слета околу 15:20 часот.

Уште на аеродромот Модриќ, Ракитиќ, Манџукиќ, Перишиќ, Субашиќ, Врсаљко, Вида и другите беа пречекани од многубројни навивачи, а по влегувањето во панорамскиот автобус, се упатија кон главниот плоштад Бан Јелачиќ во Загреб.
На плоштадот, според полициски процени, репрезентативците на Хрватска и стручниот штаб биле пречекани од над 60.000 луѓе. Некои од хрватските медиуми шпекулираа дека на плоштадот имало приближно 100.000 луѓе.
Heroji sletjeli u Zagreb! Ludnica na aerodromu, na Trgu ih čeka 80 tisuća ljudi
Gepostet von Index.hr am Montag, 16. Juli 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Езе преферира трансфер во Тотенхем

Еберечи Езе, најдобриот играч на Кристал Палас, до крајот на преодниот рок ќе го напушти клубот.
Офанзивниот фудбалер од редот за врска, според англиските медиуми, веќе се договорил со Тотенхем.
Езе изразил желба да го напушти клубот и не се очекува да биде во составот за натпреварот против Челзи во недела. Палас е свесен за ситуацијата и веќе на пазарот бара замена за Езе.
Англичаните пишуваат дека во наредните денови може да има сериозен конфликт помеѓу играчот и клубот доколку Палас не го договори трансферот.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Алкарас го престигна Федерер, следна мета му е Ѓоковиќ

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го престигна Роџер Федерер по процент на победи на Мастерс турнирите.
Алкараз го победи Рубљов во четвртфиналето во петокот и се пласираше во ново полуфинале на турнирите од Мастерс серијата.
Ова беше неговата 82-ра победа во кариерата на Мастерс турнирите, има скор од 82-23, односно победил на 78,1% од мечевите.
Тој го престигна Федерер, кој моментално беше трет на листата на сите времиња (од 1990 година, минимум 10 одиграни натпревари). Швајцарецот ја заврши кариерата со 77,9 проценти.
Пред Алакрас се уште рекордерот Рафаел Надал, кој има 82%, и Новак Ѓоковиќ, кој е веднаш зад него со 81,5%.
Алкараз во ноќта помеѓу сабота и недела, кога ќе игра против Саша Зверев во полуфиналето на Мастерсот во Синсинати.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Бецеки на пол-позицијата во Австрија

Возачот на Априлија, Марко Бецеки, ја освои пол-позицијата на Големата награда на Австрија.
Ова е првата пол-позиција на Италијанецот од 2023 година иа Големата награда на Индија, а пол-позицијата ја освои со најбрзиот круг 1:28.060.
Бецеки на тој начин ја донесе пол-позицијата на Априлија по малку повеќе од година и пол.
Имаше и други изненадувања, Алекс Маркез го освои второто место, а Франческо Бањаја трето.
Меѓу првите 10 беа и Марк Маркез, Енеа Бастијанини, Фермин Алдегер, Педро Акоста, Раул Фернандез и Жоан Мир.
Спринт трката се вози од 15 часот, а главната трка е закажана за недела со почеток во 14 часот.
Marco Bezzecchi takes his first pole since 2023 ahead of @alexmarquez73 and @PeccoBagnaia 🙌#AustrianGP 🇦🇹 pic.twitter.com/XTyYZFyWI5
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) August 16, 2025