Македонија
(Видео) „Комитите“ на протестен марш, бараат правда за Саздовски

Под големо присуство на полицијата, навивачката група „Комити“ излезе на протестен марш во чест на прерано починатиот член на групата, 21-годишниот Никола Саздовски, кој по деветдневната кома предизвикана од физичкиот напад врз него од страна на три лица, на КАРИЛ им подлегна на повредите.
Демонстрантите извикуваат „Правда за Саздо“ и носат транспаренти на кои пишува „Нема назад“, „Не сте свени колку сме бесни“, а автомобилите кои поминуваат од другата страна на улицата им свират во знак на поддршка.
Демонстрантите на патот кон Основното јавно обвинителство, застанаа пред ТЦ Маврвка кога полицијата не им дозволи да поминат од кај плоштадот Скендербег, по што тие започнаа да скандираат против нив.
Претходно, во Автокоманда, од каде што демонстрантите се упатија кон ОЈО, забележано беше присуството на лидерот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, заедно со партиското раководство, како и претседателот на Семакедонскиот конгрес, Тодор Петров.
Навивачката група, вчера, во своето соопштение на социјалните мрежи ги повика сите граѓани што се чувствуваат како Македонци од кој било дел на државата да дојдат заедно со своите семејства и пријатели и на мирен и достоинствен начин да го кренат гласот против неправдата.
– Да им докажеме на Европејците дека ние сме поинакви и сме поцивилизирани од другите. Ве замолуваме на најдостоинствен и мирен начин да го изразиме нашето незадоволство за селективната правда и да се избориме за најстрога казна на сторителите на ова грозоморно дело – велат од навивачката група.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Уште еден вознемирувачки напад врз бугарски државјанин во Северна Македонија!“, напиша Ковачев

„Сериозно сум загрижен од она што се случи денес со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска – бугарска државјанка. Ги повикувам Министерството за надворешни работи и бугарската амбасада во Скопјe веднаш да ѝ обезбедат правна, конзуларна и морална заштита“, напиша бугарскиот европратеник Андреј Ковачев на социјалните мрежи.
„Ова е уште еден случај на насилство, малтретирање и јавно линчување врз бугарски државјани кои држат високи јавни функции и стекнале бугарско државјанство врз основа на докажано бугарско потекло – само затоа што се осмелиле да се изјаснат како Бугари.
За жал, притисокот е толку силен што нашите сонародници се принудени да го кријат или негираат својот бугарски идентитет. Сличен случај неодамна беше со министерката за енергетика Сања Божиновска, со неколку пратеници од владејачката ДПМНЕ, како и со луѓе од најблискиот семеен круг на сегашниот, минатиот и претходните премиери на земјата.
Бугарската држава има должност кон своите над 216.000 бугарски државјани во Република Северна Македонија, кои станале такви по своја слободна волја, го докажале своето бугарско потекло со документи и со свој потпис изјавиле дека сега се чувствуваат како етнички Бугари. Бугарија е должна да ги заштити нивните права, безбедност и човеково достоинство“, додаде Ковачев.
Македонија
„Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски се огласи на социјалните мрежи, по нападот врз градоначалничката Данела Арсовска.
„Она што ѝ се случи денес на Данела Арсовска не е „инцидент“. Тоа е директен напад врз институцијата, врз една жена, врз јавниот поредок.
Со клоци, со пцуење, со закани за силување и убиство на нејзиното семејство.
И што? Ќе викаме „демократија“?! Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски.
Македонија
(Видео) Арсовска објави снимка од нападот: Јас го напаѓам него или тој мене?

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска објави снимка од денешниот напад врз неа, на социјалните мрежи.
Во објавата на социјалните мрежи, Арсовска прашува дали таа напаѓа или е нападната и се брани.