Македонија
Отец Ивица: Македонците имаат почит кон сите, бараме и другите да нѐ почитуваат нас

Македониците имаат почит кон сите, но бараме и другите да нѐ почитуваат нас, порача денеска од мостот пред зградата на Јавното обвинителство, отец Ивица Тодоров, кој присуствува на протестниот марш во чест на Никола Саздовски.
„Пред неколку дена ја испративме неговата душа, денес сме собрани со мисла во Македонија повеќе да нема убиства, без разлика од која страна доаѓаат. Тука сме да покажеме дека оние што го извршија овој чин треба да одговараат пред законите на државата. Да има мир, радост и младите да имаат вистински живот. Бог да го прости Никола Саздовски“, порача Тодоров.
Демонстрантите што застанаа на мостот пред Обвинителството кога полицијата не им дозволи да се доближат до зградата, оттука запалија свеќи во знак на почит кон Саздовски.
Навивачката група „Комити“, вчера, во своето соопштение на социјалните мрежи ги повика сите граѓани што се чувствуваат како Македонци, од кој било дел на државата, да дојдат заедно со своите семејства и пријатели и на мирен и достоинствен начин да го кренат гласот против неправдата.
– Да им докажеме на Европејците дека ние сме поинакви и сме поцивилизирани од другите. Ве замолуваме на најдостоинствен и мирен начин да го изразиме нашето незадоволство за селективната правда и да се избориме за најстрога казна на сторителите на ова грозоморно дело – велат од навивачката група.
Саздовски им подлегна на повредите, по деветдневна кома предизвикана од физички напад врз него од страна на три лица.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива непречено, по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1,83 милиони граѓани

Во 7 часот денеска започна гласањето на осмите Локални избори од осамостојувањето на државата.
На Локалните избори 2025 во Северна Македонија право на глас имаат 1.832.415 граѓани.
Меѓу вкупниот број државјани со право на глас се и 112 илјади запишани во посебниот Избирачки список со лица во странство, како и 2.162 лица во затвор односно притвор и 450 гласачи од домовите за стари лица.
Локалните избори се одржуваат во сите 80 општини во државата и во Град Скопје.
Се гласа на 3.474 избирачки места.
На Локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати.
Македонија
Попладнево во Кочани се одржа 27. „Марш за ангелите“

Попладнево во Кочани се одржа 27. „Марш за ангелите“ по дождливо време и според вообичаената маршрута, но без давање официјална изјава од нив, што досега беше начин на комуникацијата на родителите на починатите со јавноста.
Преку испишаните пораки на транспарентите, тие и денеска за трагедијата во „Пулс“ ги обвинија институциите, од кои бараат правда и праведно судење. Десетина минути беше блокиран сообраќајот на улицата „Стево Теодосиевски“, кај двојниот мост на Кочанска Река.
Маршот за нивните ангели родителите го почнаа од „Паркот на Револуцијата“, од каде се упатија кон Трговскиот центар. Марширањето продолжи кон Основниот суд со кратки запирања пред зградата на УЈП и Полициската станица.
27. „Марш за ангелите“ во Кочани денеска заврши каде и што почна – во „Паркот на Револуцијата“.