Спорт
Едберг: Федерер не успеа во 2014 и 2015 поради Ѓоковиќ
Поранешниот тренер на Роџер Федерер, шесткратниот гренд слем шампион, Штефан Едберг во интервју за „Тенис магазин“ вели дека жали што Швајцарецот не успеал да освои гренд слем титули кога соработувале во 2014 и 2015, но дека за тоа има само една причин…


Поранешниот тренер на Роџер Федерер, шесткратниот гренд-слем шампион Штефан Едберг, во интервју за „Тенис магазин“ вели дека жали што Швајцарецот не успеал да освои гренд-слем титули кога соработувале во 2014 и 2015, но дека за тоа има само една причина – Новак Ѓоковиќ.
36-годишниот Федерер играше во четири финалиња на големите турнири во тој период, губејќи ги сите од Србинот Ѓоковиќ.
„Кога дојдов во тимот, бев сигурен дека можеме до гренд-слем титули. Тој заслужуваше титули во 2014 и 2015, но Новак Ѓоковиќ беше многу подобар. Како минуваат годините, станува потешко, но Роџер е безвременски. Тоа што го направи последните две години е неверојатно“, вели Едберг.
Федерер сакаше да продолжи да работи со Едберг и во 2016 година, но Швеѓанецот вели дека планот бил да има само едногодишна соработка.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Тренерот на Црвена звезда го затвори својот профил поради закани од навивачи

Кошаркарите на Црвена звезда ја завршија сезоната 2024/2025 со поразот од Спартак во вториот натпревар од полуфиналната серија во домашниот шампионат. Елиминацијата на црвено-белите е сензационална бидејќи, актуелниот првак, прв пат по 14 години не успеа да се пласира во финалето.
По елиминацијата, тренерот на Црвена звезда, Јанис Сферопулос, го деактивирал својот профил на социјалната мрежа „X“.
Според портал „Нова С“, по поразот на црвено-белите во Суботица од Спартак, навивачите на црвено-белите биле крајно незадоволни.
„Серијата лоши резултати кулминираше со дебакл во домашното првенство, а разочараните навивачи лансираа лавина од навреди на социјалните мрежи, особено на платформата „X“ (поранешен „Твитер“), која Сферопулос редовно ја користеше. За жал, во тој поплава од коментари имаше крајно несоодветни и брутални пораки, вклучително и закани со смрт, поради што тренерот на Звезда одлучи да го исклучи својот профил и да се повлече од социјалните мрежи“, пишува „Нова С“.
Спорт
(Видео) Голот на Педро Нето од камерата на судијата

Фудбалерите на Челзи го отворија Светското клупско првенство со победа. Во својот прв натпревар во Групата Д од натпреварувањето, играчите на Челзи го победија Лос Анџелес ФК со 2:0 со головите на Педро Нето (34-та минута) и Енцо Фернандез (79-та минута).
Првиот гол на натпреварот беше особено импресивен, за многумина најубав досега на турнирот во Соединетите Американски Држави. Сопственикот на правата за емитување го објави на своите социјални мрежи видеото од камерата на судијата на натпреварот.
Ref cam’s of Neto’s goal is AMAZING 🤯
Watch the @FIFACWC | June 14 – July 13 | Every game. Free. | https://t.co/i0K4eUu4lJ | #FIFACWC #TakeItToTheWorld #CHELAF pic.twitter.com/rvyja1JcQ2
— DAZN Football (@DAZNFootball) June 16, 2025
Спорт
Македнските клубови ги дознаа можните противници во европските купови

Фото/ ffm.mk
Шкендија, Вардар, Силекс и Работнички ги дознаа можните противници за првото квалификациско коло. Шкендија ќе стартува во Лигата на шампионите, ждрепката е во 14 часот во Нион, а останатите три екипи ќе се натпреваруваат во Конференциската лига. Ждрепката ќе се одржи од 16 часот во Нион.
Шкендија нема да биде носител, се наоѓа во групата 1, а моѓе да игра против: Малме (Шведска), Жалгирис (Литванија), РФС (Летонија), Купс (Финска) или ТНС (Велс).
Кога ќе се погледнат можните противници, впечаток е дека Вардар најдобро помина, а дека пред тешка задача ќе имаат Силекс и Работнички.
Во групата 2 можно противници на Силекс се Петрокуб (Молдавија), Ордабаси (Казахстан), Дечиќ (Црна Гора) и Урарту (Ерменија).
Вардар, кој по седум години се враќа во европските купови, во групата 3 за противник може да добие еден од овие тимови: Дуделанж (Луксенбург), Копер (Словенија), Сутјеска (Црна Гора), Ла Фиорита (Сан Марино).Работнички ги чека противниците во групата 6, можни ривали се Дила Гори (Грузија), Пјуник (Ерменија), Торпедо (Белорусија) и Борац Бања Лука.
Првите натпревари ќе се одиграат на 10, а реваншите на 17.јули.