Спорт
Судењето на Модриќ префрлено во Загреб
Врховниот суд на Хрватска решил судењето на Лука Мадриќ да го премести од Осиек во Загреб. На Модриќ му се суди поради лажно сведочење на судењето на поранешниот висок функционер на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ.
Обвинението пртив Модриќ е покренато во …

Врховниот суд на Хрватска решил судењето на Лука Мадриќ да го премести од Осиек во Загреб. На Модриќ му се суди поради лажно сведочење на судењето на поранешниот висок функционер на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ.
Обвинението пртив Модриќ е поведено во март оваа година пред Општинскиот суд во Осиек, каде што се водеше и постапката против Мамиќ, кој пред еден месец е осуден на шест и полгодишна затворска казна.
Врховниот суд го прифатил барањето на адвокатите на Модриќ судењето да се префрли во Загреб бидејќи тој има живеалиште во Загреб.
Се очекува оваа есен да биде закажана седница на обвинителството, кое треба да го потврди обвинението против Модиќ, да го отфрли или да го врати на доработка.
Обвинителството во Осиек го товари 32-годишниот Модриќ дека на 13 јуни минатата година на судењето на Мамиќ и на тројцата негови соработници свесно изнел невистини поврзани со анексот на договорот за професионално занимавање со фудбалот, со кој се регулирала поделбата на парите од трансферот.
Според тој анекс, парите од трансферот на Модриќ требало еднакво да бидат поделени помеѓу него и клубот. Таков анекс тој потпишувал секогаш кога ќе го продолжел договорот, а поради наводна измена на банкарската сметка, тој потпишал уште еден анекс кога веќе заминал од Динамо во Тотенхем.
Според обвинителството, Модриќ не ја кажувал вистината бидејќи сите анекси ги потпишал откако се преселил во новиот клуб, при што целиот износ од трансферот му припаднал на клубот.
Обвинителството смета дека Модриќ го сменил исказот за да му помогне на Здравко Мамиќ.
Инаку, Здравко Мамиќ, неговиот брат Зоран, поранешниот директор на Динамо, Дамир Врбановиќ, и даночниот инспектор Милан Пернар, се осудени дека го оштетиле Динамо 15,5 милиони евра, а буџетот на Хрватска 1,6 милион евра.
Здравко Мамиќе е осуден на шест и полгодишна затворска казна, Зоран Мамиќ на четири години и 11 месеци, Дамир Врбановиќ, кој е извршен директор на Фудбалскиот сојуз на Хрватска, на три години, а Милан Пернар на четири години и два месеца.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Норвежанката Ана Одине освои златен медал откако скокна пред Ника Превц
Норвешката ски-скокачка Ана Одине Стрем го освои златниот медал на Зимските олимписки игри откако скокна пред Ника Превц и Нозоми Марујама. Во обете серии Норвежанката беше подобра од својата конкуренција и заслужено стигна до злато.
По првата серија, Норвежанката Ана Одине Стрем беше прва со скок од 100 метри и 136,9 поени, пред Словенката Ника Превц која собра 135,9 поени со должина од 98 метри, додека Јапонката Нозоми Марујама беше трета со скок од 97 метри и 135,7 поени. Четврта беше Норвежанката Ејурин Марија Квандал (99,5 м/131,9 поени).
Фото: ЕПА
Спорт
Дејвис отпишан, доби лоши вести и во својот нов клуб
Антони Дејвис (32) само три дена откако беше отпуштен од Далас Маверикс, дозна нови лоши вести. Новиот играч на Вашингтон Визардс нема да игра за тој клуб до крајот на сезоната.
Дејвис има проблеми со раката и препоните, а Вашингтон одлучи да не го форсира неговото враќање во последниот дел од сезоната.
Ова е преодна сезона за Визардс бидејќи се само претпоследни во Источната конференција.
Дејвис има важечки договор за следната сезона, вреден околу 58 милиони долари, како и опција за играч за сезоната 2027/28.
Клучен играч на новиот тим на Визардс е Треј Јанг. Дејвис е одличен играч, но речиси уништен од повреди на прагот на неговиот 33-ти роденден. Ќе биде надвор од игра до крајот на сезоната и мора да докаже дека тимот треба да се гради околу него.
Фото: Депозитотос
Спорт
Манчестер Јунајтед со четврта победа во низа
Во денешниот прв натпревар од 25-то коло од англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед го победи Тотенхем со 2-0 на Олд Трафорд.
Натпреварот беше нерешен до 30-тата минута, кога гостите останаа со играч помалку.
Ромеро силно го шутна глуждот на Касемиро, што му донесе црвен картон. Домашните брзо го искористија дополнителниот играч. Осум минути подоцна, тој изведе корнер-акција, а Мбеумо постигна гол со прецизен удар од десет метри за 1-0.
Во остатокот од натпреварот, Манчестер Јунајтед имаше многу можности да избега на два гола разлика и со тоа да го прекине израмнувањето, но до 81-вата минута беше минимално 1-0.
Потоа Бруно Фернандеш погоди кон мрежата на противникот и ги постави конечните 2-0.
Манчестер Јунајтед остана четврти со четвртата победа по ред, но се доближи до Манчестер Сити и Астон Вила во бодови.
Фото: Деспозитфотос

