Македонија
(Видео) Мицкоски ја напушти лидерската средба
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по еден час, ја напушти лидерската средба. Тој изрази револт за предлогот на Владата за измени на Изборниот законик, со кој се предлага новиот состав на ДИК, наместо со двотретинско мнозинство, да се избира со помалку гласови од пратениците. Тоа, според Мицкоски, е недемократски.
„Ние бевме дел од таканаречената лидерска средба. Навистина не беше јасен концептот зошто сите парламентарни партии не се поканети и изразивме револт и ја напуштивме средбата. Му го кажавме барањето на Заев пред понеделик да свика лидерска средба со партиската четворка за сите сегменти што треба да се утврдат пред да се формира новиот состав на ДИК“, рече Мицкоски по напуштањето на средбата со неговата придружба, професорката Тања Каракамишева.
Тој побара премиерот Заев да свика нова лидерска средба, на која би присуствувале лидерите на најголемите четири политички партии од власта и опозицијата.
Го повтори ставот на партијата дека за нив не е единствен приоритет изборот на ДИК, туку во пакет треба да се донесат сите реформски закони како што било договорено меѓу партиите.
Другите претставници на политичките партии сè уште се внатре на лидерската средба по што се очекуава, по завршувањето, и тие да ги кажат своите ставови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Малолетници нападнале врсник во автобус на ЈСП
Малолетник синоќа бил нападнат од двајца други малолетници во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје.
„На 21 септември во 19.40 часот во СВР Скопје, П.Н. од Скопје пријавил дека во автобус на ЈСП на подрачје на Шуто Оризари, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца други малолетници“, информираа од МВР во дневниот билтен.
Се работи на расчистување на случајот.
Македонија
Без струја утре делови од општина Кисела Вода
Без струја утре од 8:00 до 14:00 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улиците „Драчево“, „Чучевска“ и „Китка“ во општина Кисела Вода.
Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекинот е поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа во Град Скопје.
Македонија
Сиљановска Давкова на Самитот на иднината во Њујорк
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која ја предводи македонската делегација на 79. Генерално собрание на ОН, денеска треба да се обрати на Самитот на иднината на тема „Мултилатерални решенија за подобро утре“ со учество на шефови на држави и влади.
Целта на Самитот на иднината е државите членки да ја зголемат меѓусебната соработка која, како што се нагласува, е се поважна за човековиот опстанок, но е тешко да се постигне во атмосфера на недоверба, користејќи застарени структури кои повеќе не ги одразуваат денешните политички и економски реалности.
Во фокусот на Нацрт-пактот се човековите права, родот и одржливиот развој во сите поглавја. Содржи поглавја за одржлив развој и финансирање за развој, меѓународен мир и безбедност, наука, технологија и иновации и дигитална соработка, младите и идните генерации и трансформирање на глобалното владеење. Меѓудругото, се бара земјите членки да се согласат и за реформи што се однесуваат на Советот за безбедност, но тоа најверојатно нема да се случи.
На Самитот треба да бидат усвоени и Декларација за идните генерации и Глобален Дигитален договор.