Контакт

Регион

Дијалогот Белград-Приштина ќе продолжи за неколку недели

Објавено пред

По средбата во Брисел, претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, се согласиле да го обноват дијалогот за нормализирање на билатералните односи за неколку недели, пренесе весникот „Газета експрес“.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението на прес-службата на високата претставничка на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, беше нагласено дека Вучиќ и Тачи го разгледале прогресот направен во дискусиите за работната рамка за постигнување сеопфатен договор за нормализирање на односите. Донесено е решение средбите да продолжат за неколку седмици.

По вчерашните средби во Брисел, српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави дека Албанците се обидуваат да добијат сѐ, додека Србија бара компромис. Од друга страна, неговиот косовски колега, Хашим Тачи, истакна дека не постои компромис за прашањето за независноста на Косово. Тачи оцени дека денешниот состанок со Вучиќ бил најтежок во последните шест години колку што се води дијалогот Косово-Србија.

Регион

Опозициските политичари во Албанија запалија столчиња пред парламентот во знак на протест поради апсењето на нивниот колега

Објавено пред

Албанските опозициски политичари запалија куп дрвени столчиња пред Собранието во знак на протест поради апсењето на нивниот колега.

dobivaj vesti na viber

На почетокот на редовната собраниска седница пратениците од опозицијата ги извадија столчињата од собраниската сала и ги запалија на скалите од зградата.

Припадниците на службата за безбедност брзо го изгаснале пожарот.

Апелациониот суд на Албанија во петокот ја потврди пресудата на понискиот суд со која Ервин Салијани, член на опозициската Демократска партија, беше осуден на една година затвор.

Понискиот суд го прогласи Салијани за виновен за „лажна пријава“ против поранешниот министер за внатрешни работи. Салијани ја негираше вината и рече дека судењето е политички мотивирано.

Претходно овој месец, водачот на Демократската партија Сали Бериша, кој е во домашен притвор од декември, беше обвинет за корупција за дејствија што ги презел додека бил премиер од 2005 до 2013 година. Бериша, исто така, ја негира вината.

Демократската партија повика на голем протест во главниот град Тирана на 7 октомври.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Дунав поплави село во Србија: До него се стигнува само со брод

Објавено пред

Рибарско викенд село кај Сомбор е поплавено поради покачувањето на нивото на реката Дунав и единствен начин да се стигне до селото е со брод.

dobivaj vesti na viber

Водата ги поплави викендичките до висина на прозорците.

– Во ова викенд одморалиште нема струја и во моментов се стигнува само со брод – пишува во описот на видеото објавено на Инстаграм.

Се наведува и дека ваков вид поплави годинава се случуваат по трет пат и дека мештаните се навикнати секогаш да бидат први на удар.

Прикажи повеќе...

Регион

Воз прегази малолетник во Загреб

Објавено пред

Во понеделникот наутро воз налета на малолетник во околината на Загреб. Според полицијата, околу 8.50 часот тие добиле пријава за настанот, но поради тоа што се работи за малолетник, не соопштуваат повеќе информации.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесуваат медиумите, малолетникот починал.

Најверојатно, се работи за несреќен случај, соопшти Јавното обвинителство на Загреб. Според тамошните медиуми, најверојатно се работи за малолетник што тргнал на тренинг.

Поради инцидентот, патничкиот сообраќај според хрватските железници бил во прекин и сообраќајот се одвивал преку помошни транспортни релации.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ53 минути

(Видео) Кривична пријава за 12 полицајци и шест вработени во Државни патишта

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење...

Свет3 часа

(Видео) Американците објавија снимка од пресретнувањето на руските авиони, за малку ќе дојдеше до несреќа

Северноамериканската воздушна и вселенска одбранбена команда (НОРАД) објави видео од ескадрила ловци пресретнувачи Ф-16Ц, кои доживеаја инцидент на небото во...

Македонија3 часа

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

Пензионерите во Република Северна Македонија од денеска добиваат зголемени пензии за 2500 денари. Согласно, Законот за изменување и дополнување на...

Свет4 часа

(Видео) Тројца загинати, 15 повредени во напад со нож во Шангај

Три лица загинаа, а 15 се повредени во напад со нож во супермаркет во Шангај вчера, јави државната новинска агенција...

Свет5 часа

(Видео) Нападната американската воена база во Багдад

Неколку ракети Какуша беа истрелани ноќеска врз воена база во која се сместени американските сили во близина на меѓународниот аеродром...

Свет5 часа

Израелците го нападнаа главниот град на Сирија; Државната телевизија: Убиена е наша водителка

Тројца цивили загинаа, а девет се ранети во израелски напад врз главниот град Дамаск, објавија рано утринава државните медиуми, повикувајќи...

Македонија5 часа

Земјотрес со јачина 3,2 почувствуван во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија на сеизмолошките станици инсталирани во нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Македонија22 часа

Застарува затворската казна за Груевски за набавката за „мерцедесот“

Експремиерот Никола Груевски се спаси од затворската казна за случајот „Тенк“ бидејќи на 4 октомври поминуваат шест години од правосилната...

Македонија23 часа

МВР жестоко ќе одговори на секој обид за дестабилизација, за Тошковски – подгревањето на меѓуетничките тензии е реалност на која работаат службите

Обидите за подгревање на меѓуетничките тензии се реалност за која надлежните служби проследуваат соодветни информации, рече денес министерот за внатрешни...

Топ23 часа

Ужасен улов во Вардар: рибар од Тетово, наместо риба, извлекол торба со мини

Рибар од тетовското село Волковија доживеал несекојдневен и морничав настан вчера додека бил на риболов. Според информациите од полицијата, тој...

Македонија24 часа

Се соочивме со деструктивна опозиција, имаа осум години за балансерот, Законот за јазиците, а сега ја злоупотребуваат судската власт : Меџити за првите сто дена Влада

Демократско правило е првите сто дена да ѝ се дадат на новата власт да ги постави луѓето и да почне...

Македонија1 ден

Во јавните набавки има корупција, која е последица на политичките интереси, во цените има големи разлики, покажува извештајот на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки, кој вклучува и анкети со фирмите...

Македонија1 ден

Без знаци на живот утрово пронајдена планинарка, извести ЦУК

Регионалниот ЦУК Тетово, извести дека преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во 11.57 часот, вчера беше примен повик...

Свет1 ден

Путин: „Ќе ги постигнеме сите цели, вистината е на наша страна“

Рускиот претседател Владимир Путин им ја честиташе на Русите годишнината од обединувањето на ЛДПР, Керсон и Запорожје. „Диктатурата во Киев...

Македонија1 ден

„Поминаа 24 часа, СДС уште не им се извини на граѓаните што ги нарече будали“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Поминаа 24 часа, а СДС уште не им се извини на граѓаните што ги нарече „будали“. СДС упорно продолжува да...

Свет1 ден

Празни улици и страв кај граѓаните на Бејрут: по бомбардирањето, жителите на либанската престолнина ги напуштија своите домови во потрага по засолниште

По израелското бомбардирање минатиот викенд, жителите на либанската престолнина ги напуштија своите домови во потрага по засолниште. Многумина ја поминаа...

Европа1 ден

(Видео) Украина: Русите утрово го нападнаа Киев со дронови, сите ги соборивме

Русија рано утринава изврши неколку напади со беспилотни летала врз Киев, а единиците за противвоздушна одбрана успешно го бранат градот,...

Европа1 ден

Нови детали за смртта на Алексеј Навални: се појавија тајни документи

Рускиот портал „Инсајдер“, кој е на списокот на странски агенти, денеска објави стотина документи што содржат информации поврзани со смртта...

Свет1 ден

(Видео) Ураганот предизвика катастрофални поплави во Америка, најмалку 90 загинати

Ураганот Хелен, кој на крајот на минатата недела ги опустоши југоисточните сојузни држави на САД, предизвика катастрофални поплави од Флорида...

Европа2 дена

(Видео) Избори во Австрија: крајната десница на прагот на победа, но никој нема да се приклучи на владата со неа

Австриската крајнодесничарска Партија на слободата е на пат да победи на изборите. Според проекциите на резултатите, партијата предводена од Херберт...