Македонија
Кривична против тројца вработени во Катастарот и еден геодет
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против тројца вработени во Агенцијата за катастар на недвижностите и против овластен геодет поради несовесно работење и фалсификување службена исправа.
Кривични пријави се поднесени против М.С., И.С., И.Л., вработени во Агенцијата за катастар, и против лицето Д.Н. во својство на службено лице – овластен геодет.
Пријавениот И.Л. во својство на вработен во Агенцијата за катастар на недвижностите, постапувајќи по предмет оформен врз основа на службена исправа – геодетски елаборат со невистинита содржина изготвен од страна на пријавениот геодет Д.Н., во текот на 2011 година пропуштил должен надзор во вршењето на своите овластувања и должности на начин што без да ги спореди податоците содржани во пријавата за запишување и во геодетскиот елаборат со податоците во правниот основ извршил запишување недвижности во катастарската евиденција без постоење правен основ.
На тој начин на лицата К.А. и Н.А., спротивно на законот, им овозможил да стекнат право на користење градежно земјиште – дворно место, дел од катастарска парцела, врз основа на што тие лица во текот на 2013 година по пат на приватизација стекнале право на сопственост врз истото градежно земјиште, со што на лицето А.М. му е нанесена значителна штета.
Исто така, пријавениот М.С. заедно со пријавениот И.С., во својство на вработени во Агенцијата за катастар, постапувајќи по предмет оформен врз основа на службена исправа – Геодетски елаборат со невистинита содржина изготвен од страна на пријавениот геодет во текот на 2016 година, пропуштиле должен надзор во вршењето на своите овластувања и должности.
Тие без да ги споредат податоците содржани во Геодетскиот елаборат со податоците за предметната недвижност и носителите на правото на сопственост со податоците запишани во катастарот на недвижности, извршиле запишување недвижности во катастарската евиденција, без постоење правен основ, и на тој начин лицето А.М. го избришале од катастарската евиденција како сосопственик на 110/372 идеален дел од градежно земјиште на катастарската парцела опишано во имотен лист, со што на лицето А.М. пријавените му нанеле значителна штета.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Зелениково денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач од ф – 100 мм на ул. 5 бр. 47 во село Моране, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од село Моране, општина Зелениково.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека поради уличен дефект на ул. Васил Ѓорѓов б.б – пред ОУ Киро Глигоров, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Васил Ѓорѓов, Адам Мицкиевиќ, дел од корисниците од улиците Киро Глигоров и Козара, како и објектот на заводот за физикална медицина и рехабилитација, општина Центар.
Македонија
Дел од Аеродром денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов – крак 48. (општина Аеродром)
Македонија
Забрана за движење на камиони на ГП Ники (ГП Меџитлија) до утре до 10:00 часот
На ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила до 10 јануари до 10:00 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

