Македонија
Тунтев бара одговорност од претставниците на МРТ
Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, денеска побара одговорност од претставниците на МРТ бидејќи според него биле несериозни што не дошле да ги образложат извештаите за работа.
„Не го почитуваат Собранието“, рече Тунтев на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија, која ја продолжи седницата со предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги. Пратениците го разгледуваат и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Јавното претпријатие Македонска радиодифузија.
Претставникот на Агенција за електронски комуникации, Зоран Трајчевски, образложувајќи го извештајот, рече дека имало говор на омраза во медиумите, но не можеле да реагираат. Тие биле во комуникација со ОЈО, но соработката не вродила со плод.
„Во 2017 година, поради непочитување на законите од страна на радиодифузерите, Агенцијата презела 90 мерки. Поведени се 28 постапки за одземање на дозволата, од кои 3 беа усвоени“, рече Трајчевски, кои додаде дека се доделени и нови дозволи за работа.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, го праша Трајчевски дали кај медиумите има автоцензура, но и дали кај стопанските субјекти имало принуда од Владата да се рекламираат.
„Има медиуми со најголема читаност, а немаат реклами бидејќи, ако платат, ќе се соочат со притисоци и инспекции. Во врска со укинувањето на радиодифузната такса, повторно плаќаат граѓаните“, рече Ѓорчев.
Според директорот на АЕК, има подобрување во слободата на медиумите. Но, според него, слободата на медиумите е кревка, а тоа го утврдиле со настаните од минатата недела за време на лидерската средба, но и укинатата емисија на телевизија со национална концесија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

