Спорт
Салцбург можен противник на Шкендија
Екипата на Шкендија го дозна името на можниот рива во третото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Пред Шкендија стои Ред Бул Салцбург, екипа што минатата сезона стигна до полу-фиалето во Лига Европа.
За да стигне до двомечот со австрискиот тим…


Екипата на Шкендија го дозна името на можниот ривал во третото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Пред Шкендија стои Ред Бул Салцбург, екипа што минатата сезона стигна до полуфиналето во Лига Европа.
За да стигне до двомечот со австрискиот тим, Шкендија ќе мора најпрвин да го елиминира првакот на Молдавија, Шериф Тираспол.
Шериф, утре од 20.15 часот, ќе гостува во Скопје, а реваншот во Молдавија ќе се одигра за една недела.
Доколку Шкендија успее да го мине молдавскиот шампион, термините за дуелите со Салцбург се на 7 и 8 и на 14 и 15 август.
Во случај шампионот на Македонија да не го мине Шериф Тираспол, тогаш европските натпревари ќе ги продолжи во третото коло во Лига Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Грција прв пат по 2009 година ќе игра полуфинале на ЕП

Кошаркарите на Грција се пласираа во полуфиналето на Европското првенство. Избраниците на Василис Спанулис ја победија Литванија со 87:76, во второто денешно четвртфинале. Грција по пауза од 16 години ќе се бори за медал на Евробаскетот. Последен пат во 2009 година играа во полуфиналето, на крајот го освоија бронзениот медал.
Грците рутински ја победија Литванија, која пружи отпор само во првата и во финишот на втората четвртина. Грците стекнаа двоцифрена предност (35:24) во средишницата од вториот период. Литванија одговори во финишот на полувремето се серија 10:0, но пред заминувањето на големата пауза Грците направија серија 6:0.
Во вториот дел Грците лесно ја одржуваа двоцифрената разлика.
Најефикасни кај Грција беа Јанис Адетокунбо со 29, Василиос Толиопулос со 17, Костас Слукас со 11, Костас Папаниколау со осум поени.
Кај Литванците блескаше Јонас Валанчијунас постигна 24 поени со 15 скока, Арнас Величка забележа 12, Гитис Реџавичиус 10 поени.
Грците за место во финалето ќе се борат против селекцијата на Турција, која претходно ја победи Полска со 91:77. Финска и Грузија, односно Германија и Словенија, утре ќе ги одиграат своите четвртфинални натпревари.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Македонија У21 и со играч повеќе загуби од Италија

Foto/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Фудбалската репрезентација на Македонија, играчи до 21 година, загуби од Италија со 0:1, во квалификациите за пласман на Европското првенство.
Младите македонски фудбалери не успеаја да го избегнат поразот во Битола и покрај тоа што 65 минути имаа играч повеќе на теренот.
Италија остана со фудбалер помалку во 25.минута кога вториот жолт картон го доби Моруци. Десет минути подоцна, младите италијански фудбалери постигнаа гол.
Стрелец беше фудбалерот на шампионот Наполи, Маријанучи.
Во Е групата по две кола, лидерите се Полска и Италија со по шест бода, Македонија е претпоследна без освоен бод.
!function(r,u,m,b,l,e){r._Rumble=b,r[b]||(r[b]=function(){(r[b]._=r[b]._||[]).push(arguments);if(r[b]._.length==1){l=u.createElement(m),e=u.getElementsByTagName(m)[0],l.async=1,l.src=”https://rumble.com/embedJS/u4″+(arguments[1].video?’.’+arguments[1].video:”)+”/?url=”+encodeURIComponent(location.href)+”&args=”+encodeURIComponent(JSON.stringify([].slice.apply(arguments))),e.parentNode.insertBefore(l,e)}})}(window, document, “script”, “Rumble”);
Rumble(“play”, {“video”:”v6wihry”,”div”:”rumble_v6wihry”});
Спорт
Трипл-дабл на Шенгун, Турција се пласира во полуфиналето

Турската репрезентација ја победи Полска во првиот четвртфинален натпревар од Европското првенство во кошарка со 91:77.
Во полуфиналето, Турција ќе игра против победникот од натпреварот помеѓу Литванија и Грција, кој е на програмата од 20:00 часот.
Победничкиот тим го предводеше Алперен Шенгун.
Центарот на Хјустон Рокетс постигна голем успех: го забележа шестиот трипл-дабл во историјата на Евробаскетот, го заврши натпреварот со 15 поени, 11 скока и 10 асистенции.
Дфцифрене ефект кај Турците имаа и Шејн Ларкин (13 поени, 5 скока), Шехмуз Хазер (13 поени) и Ерџан Османи и Џеди Осман, кои го завршија натпреварот со по 10 оени.
Кај Полска се истакнаа Матеуш Понитка (19 поени, 5 скока, 6 асистенции) и Џордан Лојд (19 поени, 3 скока).
Михал Соколовски го заврши натпреварот со 13 поени и 3 асистенции, а Александар Дзиева со 11 поени.
Турција клучната предност ја стекна во втората четвртина која ја доби со 27:13, откако по првиот период беше 19:19. Во последната четвртина Турција водеше и со 21 поен, но Полјаците успеаја да намалат на осум разлика, тој налет на Послка Турција го одби со две тројки.
Foto/ EPA