Македонија
Пратениците си ги намалија патните трошоци

Пратениците ќе добиваат помал надоместок за патни трошоци кога денеска беа изгласани измените на Законот за пратениците. Со 79 гласа „за“ и еден воздржан Законот ги помина собраниските процедури и следува негово објавување во „Службен весник“.
Со измените пратениците нема да земаат 30 отсто од изминат километар од продажната цена на еден литар гориво, туку 20 проценти.
Со измените на Законот, пратениците што живеат на оддалеченост од 100 километри од Собранието ќе може да земат и стан под кирија на трошок на државата.
За Законот немаше дебата. Единствено пратеничката Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ реагира дека повторно се злоупотребува европското знаменце, но кажа дека пратениците од опозицијата ќе ги поддржат измените.
Измените доаѓаат по подолг период на реакции во јавноста за висината на патните трошоци што пратениците ги земаат во текот на годините. „Макфакс“ годинава објави повеќе истражувачки стории со кои детаљно го истражува и анализира проблемот со патните трошоци на пратениците. Во првата сторија објавивме дека пратениците и од новиот состав земаат по најмалку 10-12 илјади евра за патување до своето работно место, а потоа го анализиравме и системот според кој Собранието ги прави пресметките за патни трошоци. Пред една недела повторно објавивме нови податоци според кои за само шест месеци одредени пратеници повторно направиле патни трошоци од над 10 илјади евра, и тоа за првите пет месеци од годинава, како и последниот месец од 2017 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Одрон на патниот правец Живалево – Туралево, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Од 05:00 часот на патниот правец село Живалево – село Туралево има одрон, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
Во 03:40 часот се укинува забраната за тешки товарни возила према превој Стража, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места дожд и снег

Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места од дожд и снег, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 7 степени, а максималната ќе биде во интервал од 4 до 11 степен.
Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд, а на повисоките места од котлината со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти со 3, а максималната ќе достигне 7 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност нашата држава е зафатена од студен бран кој доаѓа од северните делови на континентот. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 l/m² дожд. Денес на планините врнежите ќе преминуваат во снег, при што ќе се формира значителна снежна покривка. Поради натамошно спуштање на студен воздух, ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во снег и на некои од повисоките населени места. За време на викендот времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура, а дневната ќе биде во благ пораст.
Македонија
Врнежи од снег и паднати дрвја на патот Никфорово-Леуново-Бунец, сообраќајот во прекин

На регионалниот пат Никфорово-Леуново-Бунец од 23:20 часот, сообраќајот е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрва на коловоз, извести АМСМ.
Се интервенира за негово расчистување.
Во текот на денот и вечерва вработените од Ј.У.Н.П. „Маврово# со сопствена механизација, се вклучија во активностите за расчистување на паднатите дрва кои го отежнуваат движењето на автомобили по регионалниот пат Маврово – Дебар и околу Мавровското езеро.