Свет
Изборите во Пакистан почнаа со напади
Во вооружан напад на членови на две спротивставени политички партии во Пакистан, каде што денеска се одржуваат парламентарни избори, загина едно и повредени се две лица.
Ова е прво насилство во Пакистан на денот на изборите.
Инцидентот се случил во градот Саваби во североисточен Пакистан помеѓу членови на Народната партија, која претхоно честопати беше цел на напади на талибанците и партијата Движење за правда, што ја преводи Имран Хан, еден од фаворитите за премиерската позиција.
Засега не е познато кој прв почнал да пука.
Парламентарните избори се одржуваат под силни безбедносни мерки по кампањата што ја одбележаа напади, јави агенцијата „Франс прес“.
Првите резултати ќе бидат познати во текот на ноќта.
Парламентарните избори претставуваат дел од демократската транзиција на цивилната влада во Пакистан, која во својата историја имала неколку воени удари и убиства на политичари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Момче во Њу Џерси починало поради малтретирање од татко му: го терал да ослабне, трчал на лента до исцрпеност
Се појави вознемирувачка снимка на која татко од Њу Џерси го принудува својот шестгодишен син да трча на лента за трчање затоа што бил „премногу дебел“, само неколку дена пред смртта на момчето од „хронично“ злоставување.
Таткото од Њу Џерси, Кристофер Грегор, е обвинет за убиство на својот шестгодишен син. Новата снимка покажува како момчето се наведнува од исцрпеност додека неговиот татко Грегор го принудува да трча на лента што се движела пребрзо.
Неговиот татко наводно го гризнал по главата додека го терал да трча. Набргу по инцидентот, момчето итно било однесено на лекар бидејќи тешко изговарало зборови и имало проблеми со движењето.
За време на прегледот, тој добил напад и набрзо починал. Во извештајот од обдукцијата се наведува дека тој починал од „тапи повреди со контузија на срцето и црниот дроб со акутно воспаление и сепса“.
Се верува дека лентата за трчање била програмирана за најголема можна брзина, поради што момчето паднало и се мачело да се врати на лентата за трчање. Неколку дена по посетата на теретаната, мајката на момчето, Бреана Миколо, која го делела старателството со Грегор, ги видела повредите на својот син и ги пријавила на службеник на Одделот за заштита на децата во Њу Џерси.
Свет
(Видео) Застрашувачки бројки: се зголеми бројот на жртви при уривањето на автопатот во Кина
Бројот на загинати од уривање на автопат во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 48, соопштија во четвртокот локалните власти.
Гуангдонг, густо населена индустриска област, беше погодена од серија катастрофи во последниве недели кои се припишуваат на екстремните временски услови.
Несреќата се случи во средата наутро, а по уривањето на делницата долга 17,9 метри, 23 возила паднале во провалија, јавува агенцијата Синхуа.
Претходно беше соопштено дека загинале 36 лица, но бројот брзо се искачи на 46.
Несреќата се случи додека милиони Кинези патуваат за празникот.
Областа каде што се случи несреќата е зафатена од обилни врнежи од дожд во последните денови, кои предизвикаа лизгање на земјиштето, поплавени куќи и уништени мостови.
Свет
Уапсен малолетник во Полска, осомничен дека се обидел да запали синагога
Полската полиција соопшти дека во соработка со Агенцијата за внатрешна безбедност уапсила 16-годишен човек осомничен дека со фрлање молотови коктели ја нападнал синагогата Нозик во Варшава.
Полицијата соопшти дека ќе испрати барање до обвинителството за отворање истрага против младиот човек, кој според кривичниот законик може да добие затворска казна до 10 години, пренесува Асошиејтед прес.
„Беше целосно изненаден, не сакаше да зборува, не ги откри мотивите“, изјави портпаролот на полицијата Роберт Шумијата, додавајќи дека судот ќе одлучи дали на младиот човек ќе му се суди како полнолетен.