Спорт
Етапна понеда за Кинтана, Томас блиску до конечен триумф
Наиро Кинтана победи на 17.етапа на „Тур д’Франс“, по која носителот на жолтата маичка Џерент Томас уште повеќе се доближи до конечна победа на најпрестижната велосипедска трка во светот.
Колумбиецот, Кинтана, ридската етапа долга 65 километри од Банер…
Наиро Кинтана победи на 17.етапа на „Тур д’Франс“, по која носителот на жолтата маичка Џерент Томас уште повеќе се доближи до конечна победа на најпрестижната велосипедска трка во светот.
Колумбиецот, Кинтана, ридската етапа долга 65 километри од Банер де Лошон до Сен Лари Сулан ја мина за 2:21.28 часа. Лидерот во генералниот пласман Томас зад победникот задоцни за 47 секунди и 17.етапа ја заврши на третото место.
По оваа етапа Томас ја зголеми предноста во однос на конкурентите, Томас Думолан кој заостанува една минута и 55 секунди и Крис Фрум, кој го загуби второто место во генералниот пласман и зад сонародникот и тимски колега сега доцни за две минути и 27 секунди.
Следната етапа на програмата е утре, а ќе се возат 172 километри од Три сур Бес до По.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Ливерпул се прошета до 4.коло во ФА купот
Фудбалерите на Ливерпул се пласираа во 4. коло од ФА Купот со победата од 4:0 над Акрингтон Стенли.
Ова беше прва победа на „црвените“ по двата разочарувачки резултати во дуелите со Манчестер јунајтед во Премиер лигата (2:2) и Тотенхем во Лига Купот (0:1).
И покрај тоа што Арне Слот на теренот испрати комбиниран состав, навивачите го добија она по што дојдоа, убедлив триумф на нивните миленици.
Натпреварот засекогаш ќе гопамети Рија Нгумоха, кој со 16 години и 135 дена стана најмладиот стартер во историјата на Ливерпул.
Натпреварот го одбележа уште еден тинејџер, резервистот Џејден Денс (18), кој го замени новиот рекордер Нгумоха во 76. минута и набргу потоа се најде на вистинското место во вистинско време, го заврши нападот и го постигна третиот гол.
Стрелци за Ливерпул, покрај Данс, беа и Диого Жота (29), Трент Александер-Арнолд (45) и Федерико Киеза (90).
Тоа беше првиот гол на поранешниот играч на Јувентус за клубот откако се пресели од Италија, а натпреварот денеска го започна од клупата за резерви, во игра влезе во 46.минута на местото од Собослај.
Спорт
Конте потврди дека Кварацхелија побарал трансфер
Тренерот на Наполи, Антонио Конте потврди дека најдобриот играч на тимот Хвича Кварацхелија побарал трансфер од клубот во јануарскиот преоден рок.
Конте не беше изненаден од ваквиот развој на настаните, но тоа го разочара бидејќи, како што стојат работите, тој ќе го остане без својот најдобар играч во екот на трката за титулата.
„Големо разочарување за мене“, изјави Конте на прес-конференцијата во саботата пред натпреварот со Верона.
Наполитанците се лидери во Серија А со два бода повеќе од Аталанта и според се што е видено досега во Серија А, Италија ќе биде сведок на една од најинтересните трки за титулата видени во последните години.
Менаџерот на Кварацхелија води интензивни преговори со ПСЖ, се претпоставува дека трансферот ќе изнесува 70 милиони евра.
„Зборуваме за важен играч, играч кој требаше да си замине ова лето. Тогаш се уште барав одредени гаранции за замена, бидејќи ми треба квалитет со кој можам да работам. Ми требаше и потврда од одредени играчи, како и од Квича, кој како што знаете, не е единствениот кој побара да биде продаден. Одиме понатаму, но не е лесно да се работи во околности кога треба да ги убедам играчите, кои се важни за тимот. Тој побара да биде продаден, ништо друго не ми кажаа, само тоа. Играчот потоа ми потврди. Лично, јас сум многу разочаран бидејќи поминав шест месеци убедувајќи го Квича дека е во центарот на нашиот проект“.
Спорт
Претседателот на Севилја удри по Реал и Барселона: За нив правилата не важат
Севилја, преку претседателот на клубот се огласи во врска со одлуката на Високиот спортски совет (ЦСД) да и дозволи на барселона да ги регистрира Дани Олмо о Пау Виктор.
Претходно поради проблемите со финансискиот фер-плеј, Ла Лига и Шпанската фудбалска федерација не и дозволија на Барселона да ги регистрира Олмо и Лопез.
Претседателот на Севилја, Хозе Марија дел Нидо Караско не можеше повеќе да молчи и остро го критикуваше каталонскиот клуб, но и Реал Мадрид.
„Реал Мадрид и се поклони на Барселона, што е навистина неверојатно. Тие работат заедно на проект во кој никој во фудбалскиот свет не верува освен нив, а тоа е Супер лигата“, рече Караско и дополни.
„Во оваа земја, ако сте Барселона или Реал Мадрид, за вас важат посебни правила. Ако сте обичен „смртник“ како нас и другите клубови, тогаш правилата важат поинаку. Оваа судска одлука е многу, многу опасна. Мислам дека е неправедна кон другите учесници во лигата, но и кон самите навивачи“, додаде претседателот на Севилја.
Претходно незадоволството од одлуката на ЦСД го изразија Атлетик Билбао, Атлетико Мадрид, Лас Палмас, Валјадолид…