Контакт

концерти

Анунциата свиреше на светлина од мобилен телефон кога во салата во Битола снема струја

Објавено пред

Поради лошите временски услови и краткиот прекин во напојувањето со електрична енергија во дел од Битола, аргенстинскиот композитор и пијанист Маурицио Анунциата својот пијано рецитал го почна под светло од свеќи и мобилни телефони.

dobivaj vesti na viber

Неговиот професионализам и вештина предизвикаа силни емоции и голем аплауз од публиката. Неговата енергија и концентрираност кон изведбата на делата од Алберто Вилијамс, Енрике Гранадос, Франц Лиц и други, како и „Двете страни на Буенос Аирес“ и Пијано соната бр.8 „Македонија“, овозможија исклучителен концерт, преку кој уште еднаш се потврди она што медиумите во Швајцарија, Шпанија, Аргентина, го пишувале за него, нагласувајќи дека неговото техничко мајсторство, убавина и експресивност на идеи, ја достигнува висината на големите европски национални школи, а неговата оригиналност во музичкиот израз секогаш знае да го привлече вниманието на публиката, која експлодира со силен аплауз.

На концертот присуствуваше и градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска, која на крајот нагласи дека, позитивната енергија на изведувачот,ја избрка темнината.

Со овој настап, битолчани имаа уште една можност да уживаат во несекојдневен концерт.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

концерти

Почна фестивалот „Виноскоп 2023“

Објавено пред

Со настапи на Стефан Петановски, Пајак, „Офчестра“, „Брас брадрс“ и „Фолтин“ вчера беше отворен фестивалот „Виноксоп“, кој веќе тринаесет години по ред ја промовира македонската винска култура.

dobivaj vesti na viber


Со учество на над 40 винарници и гурмански катчиња фестивалот продолжува до сабота, а денеска концертни настапи ќе имаат „Баклава“, Нино Величковски, Сале Певац, Дани Димитровска и „Куку леле’.

Програмата почнува во 17 ч со „афтер ворк“ забава, а до 19 ч на секои две купени вина, посетителите ќе добијат едно гратис.

Прикажи повеќе...

концерти

Петтото издание на музичкиот фестивал „Андерфест“ Скопје

Објавено пред

Музичкиот фестивал „Андерфест“ ќе се одржи петти пат на 13 октомври во Младинскиот културен центар (МКЦ).

dobivaj vesti na viber

На овој јубилеј публиката ќе може да ужива во музиката од алтернативната, рок, панк-рок, метал, хардкор-сцената од нашата држава, која ќе покаже дека е одлична и има што да понуди.

Од најавените бендови, сите ѝ се одлично познати на македонската публика. Се работи за актуелни музички имиња за кои организаторите очекуваат многу публика и ветуваат забава.

На „Андерфест 5“ ќе настапат: Преку ред, Ред 18, Конспираси, Луфтанза, Пич Ваис и Последен удар.

Продажбата на билети за концертот e почната и можете да ги набавите преку следниот линк.

Прикажи повеќе...

концерти

(Видео) Џон Њуман и Бурак Јетер со Констракта пристигнуваат на „Егзит“ спектаклот во Струмица

Објавено пред

На второто издание на „Get EXITed“ настанот во Градскиот парк во Струмица на 7 септември пристигнуваат возбудливи светски и регионални имиња! На овој Егзитов спектакл, кој минатата година го посетија повеќе од 20.000 луѓе, ќе настапи мега-ѕвезда – единствениот продуцент, пејач, текстописец и диџеј Џон Њуман, кој со години суверено ја носи титулата поп и соул ѕвезда!

dobivaj vesti na viber

Во Струмица пристигнува и творецот на најголемите светски хитови Бурак Јетер, кој на овогодишниот „Егзит“ фестивал со спектакуларен настап до утро ги држеше разиграни десетиците илјади фанови пред Главната бина Горки Лист. Тие ѝ се придружуваат на неповторливата Констракта, а уште имиња ќе бидат објавени набргу. Струмичкиот „Get EXITed“ го организира „Егзит“ тимот во соработка со Општина Струмица, влезот на овој голем настан е слободен.

„Од првиот ‘Егзит’, гостите од Северна Македонија беа меѓу најбројните и особено задоволство ни е, уште еднаш да ја донесеме моќната енергија на ЕГЗИТ фестивалот во Струмица. Минатогодишното издание навистина ги надмина сите очекувања, за време на настанот немаше слободно сместување во околината на Струмица, туристите дојдоа од целиот регион, а на 7 септември со најголемите глобални и регионални имиња продолжуваме во уште посилен ритам“, најавува основачот и директор на ЕГЗИТ Фестивал Душан Ковачевиќ.

Џон Њуман (Јohn Newman), суверената поп/соул ѕвезда со преку 2,5 милијарди стримови и дури девет одлични песни кои беа број 1 на светските топ листи во Струмица го носи својот специјален хибриден настап, во чии рамки ќе ги изведе своите најголеми хитови. Зад себе има соработки со лидерите на музичкиот свет, меѓу кои се Дејвид Гета, Калвин Харис, Алесо, Рудиментал, Сигала, Најл Роџерс, Галантис и Кајго. Оствари настапи кои ја редефинираат кариерата, како што беше затворањето на фестивалот „Коачела“ со Калвин Харис, и приреди спектакуларни лајв изведби на настаните од светска класа, меѓу кои се „ЕГЗИТ“ и „Гластонбери“. Само што ја објави песната „Call Your Name“ со Алесо, на која  предодредено ѝ е да стане глобален хит и која е прогласена за песна на неверојатниот „Тумороуленд“ фестивал! Њуман зад себе ги има песните кои ги знае цел свет, како „Blame“ (feat. Calvin Harris), „Love Me Again“, „If You Really Love Me“ (feat. David Guetta), „Feel The Love“ и „Not Giving In“ (feat. Rudimental), „Cheating“ и многу други.

Со своите исклучителни хитови, програмата ќе ја засили и Бурак Јетер (Burak Yeter), турскиот продуцент, хитмејкер и диџеј со речиси милијарда стримови само на „Јутјуб“. Изминатава деценија песните „Crash“, „Friday Night“, „Happy“, „Oh My My“ ја освојуваат планетата, радискиот етер и фестивалските сцени, додека „Tuesday“ заработи платинеста плакета во повеќе земји, а го создаде и многу забележителниот ремикс за прекрасната песна „My Life Is Going On“. Настапи на овогодишниот „ЕГЗИТ“ фестивал, на Главната бина Горки Лист, и во таа прилика уште еднаш го потврди својот статус на мега-ѕвезда која создава атмосфера и енергија за илјадници и илјадници луѓе.

Констракта беше првото најавено име на ова ново издание на „Get EXITed“ настанот. Една од најисклучителните музичарки од нашите простори и пошироко, го освои целиот свет со песната „In Corpore Sano“, што фрли заслужено светло на нејзината генијалност. На оние кои претходно не ја следеле нејзината самостојна работа им донесе целосно освежување и автентичност, но и изненаденост. „In corpore sano“ е дел од проектот „Triptih“, во кој се и песните „Nobl“ и „Mekano“, а авторка на сите текстови е Констракта. Следуваше уште еден триптих – „Evo, obećavam“, кој ја потврди посебноста на Констракта и нејзиниот тим, како и високите визуелни и музички стандарди кои ги поставија, со испраќање на силни и освестувачки општествени пораки.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

Граѓаните да се пријавуваат на vakcinacija.mk за вакцинирање против сезонски грип

Во тек е дистрибуција на вакцините против сезонски грип низ јавните здравствени установи, граѓаните може да се пријавуваат на апликацијата...

Македонија50 минути

На полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за локалните избори

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека согласно Изборниот законик, резултатите од испитувањата на јавното мислење...

Свет53 минути

(Видео) Израелските заложници контактираа со своите семејства преку видео врска пред да бидат ослободени

Некои заложници што ги држеше Хамас можеа да разговараат со своите семејства преку видео повик кратко пред нивното ослободување, објавија...

Свет1 час

(Видео) Ослободени сите живи заложници од Газа

Тринаесет преостанати живи заложници што ги држеше Хамас во Појасот Газа се ослободени и предадени на Црвениот крст, објавија израелските...

Македонија3 часа

„Влен“: Вресоците на Ахмети, Таравари и Села се последните извици на една коалиција во распад

„Селотејп коалицијата, составена од ситни лични интереси, по локалните избори го завршува своето политичко поглавје, засекогаш. Вресоците на Ахмети, Таравари...

Македонија3 часа

Царински инспектори пронајдоа дрога во стан на студентка, државјанка на Турција

Психотропна дрога метилендиоксиметамфетамин, мефедрон и марихуана е пронајдена при претрес на дом во Гостивар во кој престојувала студентка, државјанка на...

Европа4 часа

(Видео) Големо невреме во Шпанија: црвен аларм, поплавите носат сè пред себе

Големи поплави предизвикани од обилни дождови го погодија североисточниот шпански регион Каталонија, заробувајќи десетици луѓе во нивните возила, соопштија локалните...

Свет4 часа

Хамас ги ослободи првите заложници

Првите седум заложници се предадени на Црвениот крст во Појасот Газа. Меѓу ослободените се Гали Берман, Зив Берман, Матан Ангрест,...

Свет5 часа

(Видео) Хамас ги објави имињата на заложниците што треба да бидат ослободени

По прекинот на огнот во Газа, се очекува Хамас денес да ги ослободи израелските заложници што ги држи повеќе од...

Свет5 часа

(Видео) Трамп на летот за Израел: Војната е завршена

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа прогласи дека конфликтот во Појасот Газа е „завршен“ додека леташе за Израел и Египет за...

Европа5 часа

(Видео) Украинците нападнаа големо складиште за нафта во Крим, се шират снимки

Украински напад со беспилотни летала предизвика пожар во голем складишен објект за нафта на Крим, украинскиот полуостров што Русија нелегално...

Свет5 часа

Јужна Кореја: Русија веројатно ѝ помогнала на Северна Кореја да развие подморници

Северна Кореја веројатно добила техничка помош од Русија за развој на своите подморници, изјави денес пред парламентот јужнокорејскиот министер за...

Македонија5 часа

Мицкоски: Венко не го поддржуваат дури ни неговите пратеници од СДС и го оставаат сам да потоне

На вчерашниот народен митинг во Штип во рамките на изборната кампања за локалните избори со слоган „Вистинскиот избор! Tвојот човек!...

Соопштенија5 часа

(Видео) Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност!

„Година и пол премиерот Мицкоски ја води владата и државата без компас и без човечност, Македонија не може да ја...

Топ18 часа

Во тешка сообраќајка попладнево загина маж, а тешко повредено е 18-годишно момче

Во директен судир на две патнички возила попладнево околу 14 часот на експресниот пат Штип – Велес загинал  маж, а...

Свет19 часа

Зеленски бара акција откако Москва изврши над 4.000 напади за една недела врз Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја повика меѓународната заедница да преземе акција, по една недела во која биле извршени повеќе...

Свет21 час

Папата Лав дели дека договорот за примирје во Газа даде искра на надеж во Светата земја

Папата Лав Четиринаесетти изјави дека договорот за примирје во Појасот Газа „даде искра на надеж во Светата земја“. Тој ова...

Македонија1 ден

Фатени шверцери на луксузни автомобили, ОЈО Скопје бара притвор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица за кривични дела – Криумчарење и Фалсификување исправи. Како што се...

Свет1 ден

Над 500.000 лица се вратиле во градот Газа откако стапи во сила прекинот на огнот

Агенцијата за цивилна заштита на Газа, која е под контрола на Хамас, соопшти дека повеќе од 500.000 лица се вратиле...

Македонија2 дена

Од утре секој ден по 15 часот ќе има блокади за загинатите во дискотеката „Пулс“

Од утре, ќе има мирни јавни собири и блокади на кружниот тек кај двојниот мостот на улицата „Стево Теодосиевски“ во...