Македонија
Пратениците одлучија државата да им дава на партиите 4,5 милиони евра годишно
Измените во Законот за финансирање на политичките партии донесе повеќе пари за партиите што ќе се црпат од буџетот на државата. По трите лидерски средби, партиите не се договорија за рефендумот, но беа сложни ставката за финансирање да се покачи од 0,06 на 0,15 отсто. На годишно ниво политичките партии ќе добиваат 4,5 милиони евра ако се земат предвид моментните вкупни изворни приходи на државата. Измените на закониот по итна постапка, без амандмани и дискусија, беа донесени за помалку од половина час со 101 глас „за“.
„Овие средства партиите ќе може да ги користат за остварување на своите цели утврдени со закон, статут и други акти на партијата“, пишува во новиот Закон за финансирање на партиите.
За сметка на зголемените средства што ќе се добиваат од државата, се намалува дозволената сума што политичките партии може да ја добиваат како донација од физички и правни лица.
Со старото законско решение, ако се земе предвид просечната нето-плата од мај 2018, правните лица ќе можеа да донираат 150 просечни нето-плати, односно 3.676.350 денари. Со новиот закон дозволено им е донациите да изнесуваат максимум 1.470.540 денари. Слично е и со физичките лица. Едно физичко лице може да донира максимум 735.270 денари, што е половина помалку од донациите што можеа да се прават во согласност со претходното законско решение.
Специјалното јавно обвинителство водеше истрага за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, но не поднесе обвинение поради истекот на рокот. Според СЈО, за шест години на контото на сега опозициската партија легнале 5 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

