Регион
Писмо на мајка што ги загубила двете деца и сопругот во пожарот: Се обидов да стигнам до нив, но не успеав

Трогателно писмо на жителка на местото Мати во Атина ја потресе јавноста. Таа во пожарот ги загубила своите две деца, 13-годишната Евита и 11-годишниот Андреас, и сопругот Григориос. Тие скокнале од карпа висока 15 метри во морето во обид да се спасат, но, за жал, не преживеале – во водата наишле на карпи. Грчките медиуми пишуваат дека Евита била шампион во велосипедизам и била една од најголемите таленти во овој спорт.
Новинарот Бабис Папапанајоту, близок пријател на семејството Фитрос, на порталот „Скај њуз“ објавил дел од трогателното писмо на мајката што во пожарот изгубила сè.
„Се обидувам да бидам како моето девојче. Таа постојано беше силна и го докажуваше тоа на многу начини. Знам дека Григориос напаравил сè што можел за да ги спаси. Тоа што не успеал е божја волја. Го слушам слаткиот глас на Андреас: ‘Се плашам, многу сум загрижен, но не треба да доаѓаш тука мамо. Не сакам да дојдеш, сè е затворено, нема да успееш’. Се обидов да стигнам до нив, четири часа се обидував да им се приближам, но не можев. Немам зборови. Изгубив сè. Прегрнувајте ги децата секој ден“, напишала таа во писмото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.