Спорт
Головин пристигна во Монако
Шампионот на Фрација од пред две сезони, Монако, денес, како нов играч на клубот го претстави рускиот репрезентативец Александар Головин.
22-годишниот играч од редот за врска, блескаше на Светското првенство, каде со Русија стигна до четврт-финалето.
П…
Шампионот на Фрација од пред две сезони, Монако, денес, како нов играч на клубот го претстави рускиот репрезентативец Александар Головин.
22-годишниот играч од редот за врска, блескаше на Светското првенство, каде со Русија стигна до четврт-финалето.
По мундијалот најголем интерес за него покажаа Монако и Челси, а Головин се решил за клубот од „малото кнежевство“, со образложение дека тука ќе има повеќе простор да напредува.
Инаку, Монако за трансферот на Головин на ЦСКА Москва и платил 27 милиони фунти.
??? 1⃣7⃣
Добро пожаловать, Александр // Bienvenue Aleksandr ! #WelcomeToMonaco pic.twitter.com/N9g4s6kpSC
— AS Monaco ?? (@AS_Monaco) July 27, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Претседателот на Севилја удри по Реал и Барселона: За нив правилата не важат
Севилја, преку претседателот на клубот се огласи во врска со одлуката на Високиот спортски совет (ЦСД) да и дозволи на барселона да ги регистрира Дани Олмо о Пау Виктор.
Претходно поради проблемите со финансискиот фер-плеј, Ла Лига и Шпанската фудбалска федерација не и дозволија на Барселона да ги регистрира Олмо и Лопез.
Претседателот на Севилја, Хозе Марија дел Нидо Караско не можеше повеќе да молчи и остро го критикуваше каталонскиот клуб, но и Реал Мадрид.
„Реал Мадрид и се поклони на Барселона, што е навистина неверојатно. Тие работат заедно на проект во кој никој во фудбалскиот свет не верува освен нив, а тоа е Супер лигата“, рече Караско и дополни.
„Во оваа земја, ако сте Барселона или Реал Мадрид, за вас важат посебни правила. Ако сте обичен „смртник“ како нас и другите клубови, тогаш правилата важат поинаку. Оваа судска одлука е многу, многу опасна. Мислам дека е неправедна кон другите учесници во лигата, но и кон самите навивачи“, додаде претседателот на Севилја.
Претходно незадоволството од одлуката на ЦСД го изразија Атлетик Билбао, Атлетико Мадрид, Лас Палмас, Валјадолид…
Спорт
Јанакопулос му нуди богатство на Нан, сака во ПАО да го донесе и Мициќ
Сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос планира да го задржи Кендрик Наан во Атина со огромен договор, но и дополнително да ја засили бековската линија со Василије Мициќ.
Познато е дека контроверзниот бизнисмен му се восхитува на американскиот плејмејкер кој минатата сезона го предводеше својот клуб до седмата титула во Евролигата. Газдата на клубот е подготвен да му понуди богатство за да го продолжи договорот.
Според информациите со кои располага грчкиот „Спортдо“г, Јанакопулос на поранешниот играч на Мајами ќе му понуди тригодишен договор вреден повеќе од 20 милиони евра, што би бил апсолутен рекорд во елитното европско натпреварување.
Доколку тоа се случи, Нан би заработувал околу седум милиони евра по сезона.
Претседателот и извршен директор на фармацевтската компанија „Вианекс“ со овој чин сака да му докаже на својот најдобар играч колку го цени и го сака во својот тим во годините што доаѓаат.
Најдобриот стрелец оваа сезона во Евролигата игра фантастично. Во претходните пет натпревари тој постигнуваше 25 или повеќе поени по натпревар, израмнувајќи го рекордот на Милош Вујаниќ, Дејан Томашевиќ и Кит Ленгфорд.
Синот на легендарниот претседател на „зелените“, Павлос Јанакопулос, планира значително да ја засили и онака силната надворешна линија со српскиот репрезентативец од Шарлот Хорнетс, Василије Мициќ.
Мициќ има загарантиран договор со Шарлот до крајот на сезоната. Реално е франшизата од Северна Карлоина да не му понуди нов договор.
Во тој случај би се зголемиле шансите да се пресели во грчката престолнина.
Сопственикот на „зелените“ би морал да ја покрие платата од околу четири милиони долари. Доколку се реализира ова сценарио, логично е Панатинаикос да се откаже од Лоренцо Браун.
Натурализираниот Шпанец има плата од два милиони евра по сезона.
Василије Мициќ оваа сезона во најсилната лига на светот бележи просек од 7,1 поен, 2,3 скока и 3,6 асистенции, со 33 отсто успешност од поле.
Спорт
Дејвид Мојс по 12 години се врати во Евертон
Шкотскиот стручњак Дејвид Мојс се врати во Евертон. 61-годишникот од Глазгов на клупата го наследи Шон Дајч, кој доби отказ во четвртокот.
Дајч доби отказ, поради лошите резултати, Евертон е 16-ти во Премиер лигата, само еден бод над зоната за испаѓање. Клубот од Гудисон Парк има само три победи од 19 натпревари во Премиер лигата.
Евертон го победи третолигашот Питерборо Јунајтед со 2-0 во третото коло од ФА Купот во четвртокот, при што тимот го водеа капитените, поранешниот и сегашниот, Лејтон Бејнс и Шејмус Колман.
Мојс во Евртон се врати по 12 години, претходно го предводеше клубот од 2002 до 2013 година. Во 2013 се пресели во Манчестер јунајтед како наследник на неговиот познат сонародник Алекс Фергусон, но тој беше отпуштен по 10 месеци. Тој подоцна беше тренер на Реал Сосиедад, Сандерленд и Вест Хем во два наврати и ја освои Конференциската лига на УЕФА со клубот од Лондон во 2023 година.