Спорт
Милан потврди дека Бонучи сака назад во Јувентус
Леонардо, новиот спортски директор на Милан, потврдил дека капитенот Леонардо Бонучи побарал ова лето да се врати во Јувентус. Италијанскиот репрезентативец, минатото лето за 42 милиони евра стана играч на Милан.
Леонардо потврдил дека не е само Јувент…


Леонардо, новиот спортски директор на Милан, потврдил дека капитенот Леонардо Бонучи побарал ова лето да се врати во Јувентус. Италијанскиот репрезентативец минатото лето за 42 милиони евра стана играч на Милан.
Леонардо потврдил дека не е само Јувентус заинтересиран за услугите на Бонучи, туку дека до клубот пристигнале уште неколку понуди.
„Имав состаноци со претставници на неколку клубови, меѓу нив беше и Јувентус на инсистирање на фудбалерот. Доколку постигнеме договор што ќе биде добар за двете страни тогаш ние ќе сториме сè за да му ја исполниме желбата“, рекол Леонардо.
Бонучи од 2010 година до минатото лето го носеше дресот на Јувентус. Со „старата дама“ шестпати ја освои Серија А, а по трипати триумфираше во Купот и Суперкупот на Италија.
Кариерата ја почнал во Витербезе, а играл и во Интер, Тревизо, Пиза, Џенова и Бари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Матета со магичен потег не дозволи триумф на Арсенал

Фудбалерите на Арсенал ремизираа со Кристал Палас 2:2 (2:1) во малото лондонско дерби од 34. коло на англиската Премиер лига.
Домашните поведоа на „Емирати“ во третата минута кога Јакуб Кивиор беше највисок во скокот и со глава ја затресе мрежата на Палас.
Израмнувањето го донесе Еберечи Езе, во 27. минута, но Арсенал сепак со предност замина на одмор.
На три минути до одморот, во 42. минута, Леандро Тросар постигна гол.
Во вториот дел Арсенал успешно ја одржуваше стекнатата предност, до 83. минута кога го видовме најубавиот момент, веројатно во целото коло.
Жан-Филип Матета со удар од преку 20 метри успеа да го лобува Давид Раја и со тоа да ги постави конечните 2.2.
Арсенал со ова реми само ја одложи промоцијата на Ливерпул во нов шампион. „Топџиите“ имаат 67 бодови и доколку в сабота Ливерпул освои барем бод против Тотенхем, на четири кола до крајот и математички ќе ја освои титулата.
Спорт
(Видео) Лука Јовиќ го однесе Милан во финалето на Купот

Милан по пауза од седум години ќе се бори за трофејот во Купот на Италија. Вечерва, Милан го декласира градскиот ривал Интер во полуфиналниот реванш со 3:0.
Патот на Милан до финалето му го трасира Лука Јовиќ. Српскиот репрезентативец кој на крајот од годината беше отпишан, во последниот месец почна да добива шанса од Сержо Консеисао. Довербата на тренерот ја оправда со голови.
Во првенството погоди против Наполи и Фиорентина.
Вчерва постигна два и ја обезбеди победата. Првиот гол го постигна по асистенција на Хименез во 36. минута, а вториот во 49. минута. Победата во 85.минута ја потврди Тижани Рејдерс.
JOVIĆ WITH THE HEADER MAKES IT 1-0
HES BACK pic.twitter.com/Nk2RT6UOVC— the clip guy (@srbsportclip) April 23, 2025
🚨🇮🇹 GOAL | Inter 0-2 AC Milan | Luka Jovic
LUKA JOVIC DOUBLES THE LEAD FOR AC MILAN !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! 1-3 ON AGGREGATE !!!!!!!!!!!!!!!pic.twitter.com/oJL75Qh3sJ
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) April 23, 2025
Спорт
Олимпијакос и Монако го одбранија домашниот пораз

Тешки порази доживеаја шпанските великани Барселона и Реал, во првите четвртфинални натпревари во Евролигата. Монако ја победи Барселона со 97:81, а Олимпијакос со 84:72 славеше против Реал.
Кошаркарите на Монако во третиот период го решија мечот кога се одлепија од противникот на +17 и успеаја да сочуваат голема предност и до крајот да го одбранат домашниот терен.
Монако го предводеа Мајк Џејмс и Даниел Теис со по 22 поени, а одличен беше и Ели Окобо со 19 поени и седум асистенции.
Кај Барселона, Кевин Пантер беше најдобар со 16 поени и два скока, Дарио Бризуела додаде 13, колку што постигна и Фал кои имаше и 14 скокови.
Олимпијакос, за разлика од Монако, во првата четвртина ја најави победата, а практично го реши натпреварот до полувремето кое го доби со 47:29.
Саша Везенков беше најефикасен со 23 поени и седум скока.
Го следеа Еван Фурние со 13 поени и Никола Милутинов со 11 поени и осум скока. Најдобар во тимот на Реал беше Серхио Љуљ со 16 поени, додека двоцифрен беше само уште Марио Хезоња со 13 поени.