Свет
Со смотра на воени бродови одбележан денот на руската воена морнарица
Денот на руската воена морнарица беше одбележан во Санкт Петерсбург, каде
претседателот Владимир Путин изврши смотра на воените бродови.На парадата, која почна на реката Нева, учествуваа 40 воени бродови, 40 борбени авиони и хеликоптери и околу 4.000 морнари и војници. Мостовите на реката беа кренати за бродовите украсени со сино-белото знаме на Свети Андреј да можат да поминат низ градот.
,,Руската флота успешно ја исполнува задачата да биде одбранбен потенцијал на нашата земја и со тоа дава клучен придонес во борбата против меѓународниот тероризам и игра огромна улога во обезбедувањето стратегиска еднаквост””, порача Путин.
Тој додаде дека руската воена морнарица повеќе од 300 години ја брани Русија и нејзиниот статус како морнаричка сила.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ердоган повика на мобилизација на муслиманите: „Тажен сум што не сме поактивни против Израел“
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Генералното собрание на Обединетите нации треба да препорача употреба на сила, во согласност со резолуцијата што ја усвои во 1950 година, доколку Советот за безбедност на ОН не успее да ги запре израелските напади врз Газа и Либан.
Турција, членка на НАТО, ги осуди разорните израелски напади врз Хамас во Газа и Хезболах во Либан. Анкара ја запре целата трговија со Израел и поднесе барање да се приклучи на тужбата за геноцид против Израел пред Светскиот суд.
„Генералното собрание на ОН треба брзо да го искористи овластувањето да препорача употреба на сила, како што направи со резолуцијата Обединети за мир од 1950 година, доколку Советот за безбедност не може да ја покаже потребната волја“, рече Ердоган по состанокот на владата.
Во резолуцијата се наведува дека Генералното собрание на ОН може да се вклучи доколку несогласувањата меѓу петте постојани членки на Советот за безбедност со право на вето – Велика Британија, Кина, Франција, Русија и САД – не успеваат да го одржат меѓународниот мир.
Советот за безбедност е единственото тело на ОН кое може секојдневно да донесува законски обврзувачки одлуки, како што се одобрување употреба на сила и воведување санкции.
Ердоган, исто така, рече дека е тажен што муслиманските земји не успеваат да заземат поактивен став против Израел, барајќи од нив да преземат економски, дипломатски и политички мерки против Израел за да го притиснат да прифати примирје.
„За мир на сите во нашиот регион, од муслимани до Евреи до христијани, ја повикуваме меѓународната заедница и муслиманскиот свет да се мобилизираат“, рече Ердоган, додавајќи дека нападите на Израел ќе бидат насочени и кон муслиманските земји, доколку наскоро не бидат запрени.
Регион
(Видео) Дунав поплави село во Србија: До него се стигнува само со брод
Рибарско викенд село кај Сомбор е поплавено поради покачувањето на нивото на реката Дунав и единствен начин да се стигне до селото е со брод.
Водата ги поплави викендичките до висина на прозорците.
View this post on Instagram
– Во ова викенд одморалиште нема струја и во моментов се стигнува само со брод – пишува во описот на видеото објавено на Инстаграм.
Се наведува и дека ваков вид поплави годинава се случуваат по трет пат и дека мештаните се навикнати секогаш да бидат први на удар.
Свет
Столтенберг им порачува на европските лидери да не се плашат од Трамп, туку да соработуваат со него
Шефот на НАТО во заминување Јенс Столтенберг им порача на европските лидери да не се плашат од републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, туку да соработуваат со него.
Во интервју за Политико, ден пред заминувањето од функцијата, генералниот секретар на Алијансата рече дека скептичните европски влади „треба да направат сè што можат“ за да го убедат Трамп да ја продолжи американската поддршка за Украина, доколку победи на изборите во ноември.
„Кој и да победи на претседателските избори во САД во ноември, мислам дека е важно европските сојузници да се ангажираат за да обезбедат САД да продолжат да ја поддржуваат Украина“, рече Столтенберг.