Контакт

Свет

Џихадистите киднапираа 36 жени и деца во Сирија

Објавено пред

Екстремистите на групата Исламска држава киднапираа во сирискиот регион Свеида 36 жени и деца, припадници на етничкото малцинство Друзи, што џихадистите ги сметаат за еретици, пишува Би-би-си.

dobivaj vesti na viber

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон соопшти дека се верува оти киднапирањето се случило во минатонеделните напади на Исламската држава во тој регион, каде што мнозинството се Друзи, трето по бројност малцинство во Сирија. Се наведува дека во самоубиствените бомбашки напади настрадале најмалку 215 лица.

Засега не е познато дали се почнати преговори за ослободување на заложниците.

Сириската влада контролира поголем дел од регионот Сувеида, а екстремистите имаат мал дел од оваа територија. Сириската војска, со поддршка на Русија, неодамна почнала кампања за заземање на преостанатите џихадистички области и делови под контрола на бунтовниците.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Столтенберг им порачува на европските лидери да не се плашат од Трамп, туку да соработуваат со него

Објавено пред

Шефот на НАТО во заминување Јенс Столтенберг им порача на европските лидери да не се плашат од републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, туку да соработуваат со него.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за Политико, ден пред заминувањето од функцијата, генералниот секретар на Алијансата рече дека скептичните европски влади „треба да направат сè што можат“ за да го убедат Трамп да ја продолжи американската поддршка за Украина, доколку победи на изборите во ноември.

„Кој и да победи на претседателските избори во САД во ноември, мислам дека е важно европските сојузници да се ангажираат за да обезбедат САД да продолжат да ја поддржуваат Украина“, рече Столтенберг.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп: Јас сум единствениот американски лидер за време на чиј мандат Русија не ги нападна соседите

Објавено пред

Поранешниот претседател на САД и кандидат на републиканците на претстојните претседателски избори, Доналд Трамп изјави дека тој е единствениот американски лидер во последните години за време на чиј мандат Русија не ги нападна своите „соседи“, вклучително и Украина.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за „Вашингтон пост“, Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин никогаш немаше да започне војна против Украина додека е тој на власт.

„Ние би разговарале за тоа, тоа би било негов сон, но тој никогаш не би го направил тоа со мене на власт“, истакна тој.

Прикажи повеќе...

Свет

Путин го унапреди својот поранешен телохранител во член на Советот за безбедност на Русија

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го унапреди Алексеј Дјумин, неговиот поранешен телохранител, во член на рускиот Совет за безбедност.

dobivaj vesti na viber

„Да се ​​вклучат следните лица како членови на Советот за безбедност на Руската Федерација: А. Г. Дјумин – помошник на претседателот, А. Л. Линка – шеф на ГУСП, Д. В. Мантурова – прв заменик претседател, В. И. Скворцова, шеф на ФМБА“, наведено е во декретот на претседателот на Русија, објави РИА Новости.

Путин го исклучи од Советот за безбедност вршителот на должноста секретар на Генералниот совет на Единствена Русија, Владимир Јакушев, кој минатата недела премина во Советот на Федерацијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Застарува затворската казна за Груевски за набавката за „мерцедесот“

Експремиерот Никола Груевски се спаси од затворската казна за случајот „Тенк“ бидејќи на 4 октомври поминуваат шест години од правосилната...

Македонија7 часа

МВР жестоко ќе одговори на секој обид за дестабилизација, за Тошковски – подгревањето на меѓуетничките тензии е реалност на која работаат службите

Обидите за подгревање на меѓуетничките тензии се реалност за која надлежните служби проследуваат соодветни информации, рече денес министерот за внатрешни...

Топ8 часа

Ужасен улов во Вардар: рибар од Тетово, наместо риба, извлекол торба со мини

Рибар од тетовското село Волковија доживеал несекојдневен и морничав настан вчера додека бил на риболов. Според информациите од полицијата, тој...

Македонија8 часа

Се соочивме со деструктивна опозиција, имаа осум години за балансерот, Законот за јазиците, а сега ја злоупотребуваат судската власт : Меџити за првите сто дена Влада

Демократско правило е првите сто дена да ѝ се дадат на новата власт да ги постави луѓето и да почне...

Македонија9 часа

Во јавните набавки има корупција, која е последица на политичките интереси, во цените има големи разлики, покажува извештајот на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки, кој вклучува и анкети со фирмите...

Македонија10 часа

Без знаци на живот утрово пронајдена планинарка, извести ЦУК

Регионалниот ЦУК Тетово, извести дека преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во 11.57 часот, вчера беше примен повик...

Свет11 часа

Путин: „Ќе ги постигнеме сите цели, вистината е на наша страна“

Рускиот претседател Владимир Путин им ја честиташе на Русите годишнината од обединувањето на ЛДПР, Керсон и Запорожје. „Диктатурата во Киев...

Македонија11 часа

„Поминаа 24 часа, СДС уште не им се извини на граѓаните што ги нарече будали“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Поминаа 24 часа, а СДС уште не им се извини на граѓаните што ги нарече „будали“. СДС упорно продолжува да...

Свет11 часа

Празни улици и страв кај граѓаните на Бејрут: по бомбардирањето, жителите на либанската престолнина ги напуштија своите домови во потрага по засолниште

По израелското бомбардирање минатиот викенд, жителите на либанската престолнина ги напуштија своите домови во потрага по засолниште. Многумина ја поминаа...

Европа12 часа

(Видео) Украина: Русите утрово го нападнаа Киев со дронови, сите ги соборивме

Русија рано утринава изврши неколку напади со беспилотни летала врз Киев, а единиците за противвоздушна одбрана успешно го бранат градот,...

Европа12 часа

Нови детали за смртта на Алексеј Навални: се појавија тајни документи

Рускиот портал „Инсајдер“, кој е на списокот на странски агенти, денеска објави стотина документи што содржат информации поврзани со смртта...

Свет13 часа

(Видео) Ураганот предизвика катастрофални поплави во Америка, најмалку 90 загинати

Ураганот Хелен, кој на крајот на минатата недела ги опустоши југоисточните сојузни држави на САД, предизвика катастрофални поплави од Флорида...

Европа24 часа

(Видео) Избори во Австрија: крајната десница на прагот на победа, но никој нема да се приклучи на владата со неа

Австриската крајнодесничарска Партија на слободата е на пат да победи на изборите. Според проекциите на резултатите, партијата предводена од Херберт...

Топ1 ден

Со скалпел го исекол на вратот и увото: обид за убиство на малолетник во тетовско

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство од член...

Македонија1 ден

АХВ: Водата во Струмица не е безбедна за употреба поради зголемено присуство на манган и колиформни бактерии

Инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донесе решение со кое ја забрани за употреба водата од...

Економија1 ден

Трипуновски од Кочани: Оваа година ќе имаме богата жетва и зголемен принос на ориз

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска присуствуваше на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ во с. Оризари, општина...

Македонија1 ден

Љутков: Изградбата на Универзална е стопирана оти не се знае во чие владение е салата

Министерството за култура во минатата влада незаконски ја презело Универзална сала од Град Скопје затоа што по закон тоа не...

Економија1 ден

(Видео) „Продолжуваме со засилено темпо на работа“ – Николоски објави снимка од реконструкцијата на автопатот Тетово-Скопје

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео од реконструкција на автопатската...

Свет1 ден

(Фото) Страшни поплави во Непал: најмалку 100 загинати, десетици исчезнати

Најмалку 100 лица загинаа во поплавите во Непал, додека 67 лица се водат како исчезнати, јавија денеска локалните медиуми. Одрони...

Свет1 ден

Израелската армија изведува десетици напади врз Либан по атентатот на моќниот лидер на Хезболах

Израелската армија денеска соопшти дека извршува десетици напади врз Хезболах во Либан, два дена по убиството на моќниот лидер на...