Црна хроника
Почината жена најдена крај Тиквешко Езеро
Седумдесет и двегодишна жена од страна на семејството била најдена почината крај Тиквешкото Езеро кај местото викано Голеш, соопшти МВР. Од страна на лекар била констатирана смрт.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кавадарци, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Опожарен автомобил на јавен обвинител, работел на два сензитивни случаја
Во текот на ноќта засега непознати сторители опожарија автомобил на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје.
„Интензивно се преземаат дејства за откривање на сторителите и се обезбедуваат сите докази на терен“, велат од Јавното обвинителство Скопје и додаваат:
„Првичните индиции упатуваат на можна поврзаност со фактот што јавниот обвинител постапува во два сензитивни предмета, во кои во моментот интензивно презема истражни дејства. Истражните органи работат на расчистување на настанот и на целосно утврдување на причините“.
Црна хроника
Планинар паднал на тешко пристапен терен на Бистра
Вчера во ОВР Кичево е пријавено дека В.М.(41) од Кичево при планинарење на планината Бистра, паднал во тешко пристапен терен над селото Лавчани.
На повредениот, прва помош му пружиле жители на истото село кои со коњ го пренеле до селото Лавчани, од каде бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Црна хроника
Сообраќајна несреќа на патот кај Виница, еден со тешки телесни повреди и пет повредени, од кои две малолетни лица
Вчера во 20.41 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на регионалниот пат Виница – с.Смојмирово, во близина на место викано „Пекланска крстосница“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат алтеа“ со беровски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(49) од с.Црник, пехчевско и патничко возило „сузуки гранд витара“ со винички регистарски ознаки, управувано од Л.А.(53) од Виница.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Л.А., а со телесни повреди се здобиле возачот С.Р. и неговите сопатници Ќ.У.(23), Ј.Г.(45) и двајца малолетници, сите од с.Црник, пехчевско, констатирани во Општата болница Кочани.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.